[ВИДЕО] Ковачевски на средба со папата Франциск: Верувам дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи

-

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета во Рим и Ватикан по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј оствари средба со Неговата светост Папата Франциск.

За време на разговорот на аудиенцијата кај Светиот отец Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа. Исто така беше поздравена отпочнатата иницијатива за потпишување на темелен договор (конкордат) помеѓу Северна Македонија и Светата Столица, за да се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и за унапредување на соработката во областите од взаемен интерес, особено во делот на соработката меѓу образованите институции и архивите на двете земји.

„На мое огромно задоволство, со Папата Франциск се согласивме дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување и политики. Во овој контекст би сакал да потенцирам дека почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата во Република Северна Македонија“, изјави по средбата премиерот Ковачевски кој додаде дека  верува дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи како што рече ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, поддршка за најранливите, еднаквост, толеранција и човечко достоинство.

Во рамки на посетата, активностите на делегацијата продолжија со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре. Програмата по повод чествувањето на Светите браќа Кирил Методиј попладнево ќе продолжи со концерт на светски познатиот тенор Благој Нацоски.

Во придружба на Ковачевски беа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, шефот на Кабинет на Претседателот на Владата, Мартин Попов, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол, директорот на Комисија за односи со верски заедници, Даријан Сотировски, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, митрополитот на МПЦ-ОА, Пимен Илиевски и митрополитот Јосиф Тодоровски, деканот на струмичка епархија на Католичка црква и амбасадорката на Република Северна Македонија во Ватикан, Марија Ефремов.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...