fbpx

Велика Британија: Осиромашениот ураниум не е нуклеарно оружје

Текстот ја пренесува изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека Британија го загубила компасот

-

Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде ниско, соопшти британското Министерството за одбрана, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Повеќе македонски медиуми во своите интернет изданија, како и медиуми кои споделија вести на Фејсбук, пренесоа дел од изјавите на руските и европските државници, кои се однесуваат на намерата Велика Британија да ја снабди Украина со муниција.

ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО…

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ од Британија, пишува во постот во којшто порталот Vecer.mk  ја споделува информацијата  на Фејсбук. 

Текстот ја пренесува изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој рече дека Британија го загубила компасот и дека:

Плановите за испорака на муниција со осиромашен ураниум во Киев сведочат дека Лондон не само што е подготвен да ризикува, туку и да изврши воени злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, изјави дека Русија ќе биде „приморана да реагира“ доколку Велика Британија испрати гранати со осиромашен ураниум во Украина и го обвини Западот дека распоредува оружје со „нуклеарна компонента“.

Британското Министерство за одбрана ги демантираше изјавите на руските челници. За коментарите на Путин, поранешниот командант на тенковската бригада на британската армија и експерт за хемиско оружје, полковник Хамиш де Бретон-Гордон, кажа дека се „класична дезинформација“.

Осиромашениот ураниум е стандардна компонента и нема никаква врска со нуклеарното оружје. Британската армија со децении користеше осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Русија го знае ова, но намерно се обидува да дезинформира. Независното истражување на научници од групи како што е Кралското друштво процени дека секое влијание врз личното здравје и животната средина од употребата на муниција со осиромашен ураниум веројатно ќе биде нискосоопшти Министерството за одбрана.

Полковникот Хамиш де Бретон-Гордон за Би-Би-Си објаснува дека муницијата со осиромашен ураниум што ја користеле тенковите „Челинџер – 2“  содржи траги од осиромашен ураниум, поради што е „смешно“ да се сугерира дека муницијата со осиромашен ураниум на кој било начин е поврзана со нуклеарно оружје, кое користи збогатен ураниум.

Осиромашен ураниум е она што останува по збогатувањето на природниот ураниум, било за производство на оружје или за гориво на реакторот. Тој е благо радиоактивен во својата цврста форма. Но, тоа е многу тешка материја, 1,7 пати погуста од оловото, и се користи за стврднување на муницијата за да може да навлезе во оклоп и челик, објаснува де Бретон – Гордон.

Како дополнување на ова објаснување, се додава дека кога оружје направено со врв или јадро со осиромашен ураниум удира во цврст предмет, Како страничниот дел на тенкот, тоа оди директно низ него и потоа еруптира во запален облак од пареа.

Плановите на Велика Британија за испорака на гранати со осиромашен ураниум во Украина, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече „југословенско сценарио“

Југословенско сценарио. Овие гранати не само што убиваат, туку и ја заразуваат животната средина и предизвикуваат онколошки заболувања кај луѓето кои живеат во овие области“,напиша Захарова на „Телеграм“.

Притоа таа оцени дека:

Наивно е да се верува дека жртви ќе станат само оние против кои ќе се користи.

Ваква муниција обвиена со осиромашен ураниум навистина е користена на Балканот и во Ирак.

Британскиот министер за одбрана изјави дека муницијата е конвенционална, додека Русија е единствената земја која зборува за зголемување на нуклеарните ризици.

Нема нуклеарна ескалација. Единствената земја во светот која зборува за нуклеарни прашања е Русија. Нема закана за Русија, ова е чисто за помагање на Украина да се одбрани, рече Клеверли, пренесе Ројтерс.

Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (UNEP) за 2022 година се анализира и влијанието на осиромашениот ураниум на животната средина во Украина.

Осиромашениот ураниум и токсичните материи во обичните експлозиви можат да предизвикаат иритација на кожата, откажување на бубрезите и да го зголемат ризикот од рак. Хемиската токсичност на осиромашениот ураниум се смета за позначајно прашање од можните влијанија од неговата радиоактивност, се вели во извештајот.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...