fbpx

Во Милано нема билборд за донации со ликот на Зеленски

Во текот на повеќе од една година, руската пропаганда преку лажни видеа за Украина и претседателот Зеленски се обидува да ја дискредитира државата и внатре и во меѓународни рамки

-

Станува збор за компјутерски модифицирано видео, во Милано не постои билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина. Според Центарот за борба против дезинформации во Украина, со промоцијата на ова лажно видео се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и  на Украина воопшто, а со цел да се намали поддршката од сојузничките држави, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видеоматеријал, наводно од плоштадот во Милано. На видеото е прикажан наводен билборд со фотографија од украинскиот претседател, Володимир Зеленски.  Како што може да се види, Зеленски во носот им дупка во којашто се ставаат банкноти за кои се вели дека се донации за Украина. Но, ова навредливо и невкусно видео е компјутерски модифицирано, ваков билборд од Зеленски не постои во Милано.

Ова е една од најсмешните работи што сум ги видел во текот на оваа војна.
Таканаречениот „слободен свет е осуден на пропаст.
Донации за Зеленски во Милано, во неговиот нос, пишува во постот  што го рецензираме.
Центарот за борба против дезинформации во Украина, на својот Телеграм профил објави дека компјутерски го анализирале споделеното видео од постот, дека станува збор за графички модификувано видео и дека ваков билборд за донации во Милано не постои.

По детална анализа, експертите на Центарот утврдија дека видеото е измислено и не соодветствува на реалноста. Во еден од фрагментите, јасно се гледа како повозрасна двојка има неприроден изглед, поради непрофесионалното користење на програмата за уредување на видеото. Исто така, авторот на видеото користи различни контрасти за да ја скрие изработката на видеоматеријалот. Со промоцијата на ова лажно видео, се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и Украина воопшто, со цел да се намали поддршката од сојузничките земји, пишуваат од Центарот за борба против дезинформации во Украина.

Оттаму апелираат да се следат само проверени и кредибилни извори на информации, а граѓаните да ги земаат со резерва и потреба за проверка сите дезинформации и пропагандни видеа.

И Топ Њуз пишуваат дека станува збор за графички изменето видео, за кое во постот се тврди дека е направено на плоштад во Милано и на кое се гледа фотографија од Зеленски со дупка во неговата ноздра, каде што може да се ставаат донации од страна на случајните минувачи. Донациите за Украина, како што лажно се тврди преку ова видео и постовите што го поддржуваат, се собираат во ноздрите. Но, анализите на видеото направени од Топ Њуз  покажуваат дека станува збор за комплетна фабрикација.

Во текот на повеќе од една година, руската пропаганда преку лажни видеа за Украина и претседателот Зеленски се обидува да ја дискредитира државата и внатре и во меѓународни рамки.

На пример, во март 2022 година,  беше објавен лажен повик од Зеленски да се повлечат Украинците, да се предадат и да го фрлат оружјето, што никогаш не бил упатен од страна на украинскиот претседател. Таквиот лажен повик од Зеленски се ширеше преку проруски Телеграм канали и  други слични канали.

На почетокот на оваа година пропагандистите тврдеа дека инсталација во Италија во форма на човечки нос, исто така во Милано, а до која води патека изработена од бела прашкаста материја, наводно му била посветена на Зеленски. Инсталацијата постои навистина постои во Милано, но нема никаква врска со Зеленски, ниту со Украина.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за компјутерски модифицирано видео, билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина, во Милано не постои. Видеото е пропагандно и има цел да го дискредитира Зеленски.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Експанзијата на Елден Ринг најавена за 20 јуни, преднарачки може да се прават уште сега

Експанзијата на Елден Ринг „Shadow of the Erd Tree“ е најавена за 20 јуни, но преднарачки на Steam може да се прават уште сега. Ви ја препорачуваме основната верзија...