Честитки од државниот и партискиот врв по повод празникот Велигден

Православните христијани денеска го слават празникот Велигден, а по тој повод честитки до верниците упатија Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Христијан Мицкоски

-

Македонскиот државен и партиски врв по повод празникот Воскресение Христово Велигден денеска упати честитка до православните христијани и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Претседателот Стево Пендаровски во упатената честитка наведува оти се надева дека  Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им потребна помош и поддршка без разлика на религиската или етничката припадност.

„Празникот на христовата победа над смртта има посебно место во срцето на секој христијанин и инспирира вера, надеж и љубов. Посакувам овие празнични денови да се посветиме на најблиските и да даруваме насмевки, ведрина и оптимизам. Заедно да придонесеме за просперитетот, напредокот и благосостојбата на нашата татковина“, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски упати писмо со честитки до г.г. Стефан, свештенството, монаштвото на МПЦ-ОА и до сите верници.

„Во овие времиња на војна на европскиот континент и на светска економска и енергетска криза, повеќе од потребна е обновата на гласот на совеста кај секого и издигнување над лични интереси, со цел заедно да ги осигураме просперитетот и перспективите на сегашните и идните генерации“, стои во писмото на премиерот Ковачевски.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово – Велигден упати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Од сето свое срце, посакувам мир, здравје, хармонија во секој дом“, се наведува во честитката од министерот Спасовски.

Христијанскиот празник Велигден на сите верници денеска им го честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој им посака безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов на сите верници.

„Добрината и љубовта нека биде водилка во вашите срца, а светлината и топлината нека бидат присутни во сите наши домови“, гласи честитката од опозицискиот лидер Мицкоски.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...