fbpx

Зеленски не ги прогонува православните христијани од Украина

Поентата на новиот закон е да се спречи Русија преку црквата во Украина да инсталира свои мрежи, а безбедносните служби на Украина веќе предупредија на тоа.Станува збор за закон за забрана на црквите поврзани со Русија после серија претреси во кои е откриено дека се примаат наредби од Русија.

-

Во постот се пропушта контекстот кога се тврди дека „Зеленски ги затвора црквите и ги апси свештениците“. Станува збор за закон за забрана на црквите поврзани со Русија после серија претреси во кои е откриено дека се примаат наредби од Русија. Ова е главно насочено кон активностите на Украинската црква – Московска патријаршија во Украина, која е поврзана со Русија и се смета за клучна алатка за влијание на Москва во Украина. Справди, Центарот за стратешки комуникации под Министерството за култура и информациски политики на Украина, најде дека таму се шири руска пропаганда, дека се покриваат активности на непријателски служби и дека се регрутираат руски агенти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

22.03.2023
Fox news US.
Зеленски ги затвара црквите и ги апси свештениците.
Во склоп на постот се споделува видео материјал од Фокс Њуз, од шоуто на Такер Карлсон. Карлсон во видеото разговара со Меган Башам од Дејли Вајр и наративот е дека „претседателот Зеленски ги апси и прогонува православните христијани од Украина“ и дека „е срамно што западните медиуми не известуваат за тоа, иако го гледаат…“.
Но, во овој пост се пропушта контекстот бидејќи не се важни информации за ситуацијата со црквата во Украина. Имено, украинската влада, како што пренесе Ројтерс во декември 2022 година, подготвува закон со кој ќе се забранат црквите поврзани со Русија, а со цел да се спречи Москва да ја ослабне Украина однатре.

Со потег кој беше осуден од страна на Москва, Советот за национална безбедност ѝ наложи на владата да изработи закон, после серија на упади врз верници за кои Киев тврди дека може да примале наредби од Москва, откако Русија почна војна врз Украина, извести тогаш Ројтерс.

Законот предвидува религиозните организации со „управувачки центри“ во Русија да ги сменат нивните имиња и експлицитно да ги идентификуваат нивните врски со Москва. Законот им забранува на овие организации да ги испраќаат своите припадници во украинската армија. Овој закон беше оспорен пред украинскиот уставен суд и во декември 2022 судот го прогласи за уставен. Тоа ја отвори вратата за присилно преименување.

Зеленски наложи законите да бидат донесени есента 2022 година, притиснат од неколку случаи каде свештеници од Украинската православна црква соработувале со руската армија.

Од октомври до декември 2022 година Тајната служба на Украина изведе неколку пребарувања на имот на Украинската православна црква и во домовите на свештенството низ земјата и нашла руска пропаганда, доказ дека некои од свештениците имале руско државјанство.

Конечно, во декември 2022 година базирано на одлуката од Советот за национална безбедност, Зеленски побара кабинетот на министри да изработи закон кој ќе ги забрани религиозните организации поврзани со Москва, со напомена дека законот мора да е во согласност со обврските на Украина кон Советот на Европа.

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин против Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии.

Во декември 2022 година свештеникот од Украинската православна црква, Андреј Павленко беше осуден од украински суд зашто шпионирал за Русија.

Зеленски на крајот од 2022 ги повика украинските членови на парламентот да видат како да биде превенирано православната црква под директна контрола на Москва да не може да оперира во Украина.

Зеленски рече дека  е неопходен закон што ќе оневозможи религиозни организации поврзани со центри на влијание во Руската Федерација да оперираат во Украина, реферирајќи на Украинската православна црква поврзана со Москва.

После ова, Димитриј Медведев го нарече Зеленски непријател на Христос и на православната вера. Но, ова не е логично, затоа што според Pew Research Center од Вашингтон, 78 проценти од Украинците се идентификуваат како православни.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во постот се пропушта контекстот кога се тврди дека „Зеленски ги затвора црквите и ги апси свештениците“. Во постот се прикриваат информации за тоа дека уапсените свештеници добиле затворски казни заради  соработка со Русија. Поентата на новиот закон е да се спречи Русија преку црквата во Украина да инсталира свои мрежи, а безбедносните служби на Украина веќе предупредија на тоа.Станува збор за закон за забрана на црквите поврзани со Русија после серија претреси во кои е откриено дека се примаат наредби од Русија. Ова е главно насочено кон активностите на Украинската црква – Московска патријаршија во Украина, која е поврзана со Русија и се смета за клучна алатка за влијание на Москва во Украина.

Справди, Центарот за стратешки комуникации под Министерството за култура и информациски политики на Украина, објасни зошто владата решила да ги забрани активностите на оваа црква. Справди најде дека во нив се шири руска пропаганда, дека се покриваат активности на непријателски служби и дека се регрутираат руски агенти.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...