fbpx

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Присутните на протестот на плоштадот „Магнолија“, изразија сочувство до семејството и побараа да се утврди одговорност за трагичниот настан. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“, „Секогаш во нашите срца Јаничка“, „Формалности ни го водат здравството“....

-

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во битолската болница.

Истовремено, и пред Министерството за здравство во Скопје се собраа граѓани да изразат поддршка на семејството на Јана Христова, да го поддржат протестот на битолчани и да упатат апел до надлежните да ги кажат причините за смртта на девојчето.

На протестот во Битола присуствуваа стотици луѓе, кои изразија сомнеж за начинот на кој била третирана Јана Христова во битолската болница, која три дена претходно имала температура, болки во мускулите и во грлото.

Фото: Бабам Битола

Присутните на протестот на плоштадот „Магнолија“, изразија сочувство до семејството и побараа да се утврди одговорност за трагичниот настан. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше , „Запазени сите протоколи за смрт“, „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“, „Секогаш во нашите срца Јаничка“, „Формалности ни го водат здравството“, „Зошто јагнето божјо ни го јадовте волци“…

Фото: Бабам Битола

Родителите на Јана Христова не беа на протестот, а Игор Петковски, кум на починатото девојче, рече дека стојат зад секој збор кој во јавноста го кажале мајката и таткото.

„Стоиме зад нив, поддршката наша ја имаат, секогаш, затоа што веруваме дека тоа што го изјавуваат, таа е вистината. Народот и граѓаните, во тоа што се сомневаат, тоа се институциите. Но, како и да е, ние сепак ќе почекаме. Најважна за нас е обдукцијата. Од тие резултати ќе видиме како делуваме од наодот и обвинителството“, рече Петковски.

Фото: Дамјан Гугучевски

Родителите на шестгодишното девојче, како што изјавија за дел од медиумите, сметаат дека несоодветниот третман во битолската болница довел до смрт на нивната ќерка. Тие велат дека нивната ќерка претходно немала никакви сериозни заболувања а дека во последните денови, пред да биде донесена во болницата „Д-р Трифун Пановски“ имала температура, болки во грлото и во мускулите и оток на очниот капак.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат не најде недоследности од негова надлежност во третманот на шестгодишната Јана во битолската болница. Во меѓувреме, се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат која била причината за смртта, а формирана е и комисија од детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог кои исто така ќе го испитуваат начинот на кој девојчето било лекувано во битолската болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...