fbpx

ДЕБАТА: Агресијата на Русија врз Украина во моментов е најголемата безбедносна закана

„Целите на Русија се непроменети уште од минатата година кога ја почна инвазијата“, рече полскиот амбасадор Висоцки

-

На Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје денеска се одржа дебата со студентите на овој универзитет на темата „Зајакнување на источното крило на НАТО“, на која учествуваа чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, в.д. полскиот амбасадор Пјотр Висоцки, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томас Стразау, директорот на одделот за безбедносна политика и непрофилерација при Министерството за надворешни работи во Унгарија Ѓула Сумоги и државниот секретар во МНР Филип Тосевски.

Соговорниците кои учествуваа на дебатата укажаа дека најголема закана за сигурноста во регионот во моментов е агресијата на Русија врз Украина.

В.д. полскиот амбасадор во Скопје, Пјотр Висоцки рече дека е потребна меѓусебна соработка за достигнување на стабилност и сигурност во регионот.

Тој вели дека фокусот на Полска во моментов е насочен на агресијата на Русија врз Украина, а она што се случува сега е целосна државна инвазија на Русија.

„Целите на Русија се непроменети уште од минатата година кога ја почна инвазијата“, рече Висоцки.

Полскиот амбасадор предупредува дека и ако Украина постигне успех во воената офанзива, Русија ќе остане закана за сигурноста и во иднина.

На дебатата учествуваше и директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томаш Стражај, кој потсети дека руската агресија врз Украина не почнала на 24 февруари лани, туку тогаш само се случила ескалација на агресијата која е почната од претходно.

„Заедно со Чешка бевме дел од првите држави кои директно помогнаа во воената асистенција во Украина“, изјави Стражај, додавајќи дека неговата земја досега испорачала артелерија и хеликоптери на Украина.

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...