fbpx

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

-

Претепаниот секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој денеска беше испишан од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, ќе добие бугарско државјанство и привремено живеалиште, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Информацијата денеска ја објавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

Пендиков се лекуваше на ВМА во Софија, од следниот ден откако беше примен во болница во Охрид. Во бугарскиот главен град беше пренесен со бугарскиот владин авион.

Охриѓанецот се плашел за својот живот и Бугарија ќе му обезбеди заштита, а бугарското МНР ќе исплати и парична помош за семејството на Пендиков додека е во Бугарија, јавува mediapool.bg.

„Во моментов се смета дека има опасност за нив во Северна Македонија. Претстои, се разбира, и негова средба со министерот за внатрешни работи Демерџиев, на којашто ќе се утврди во колкав степен и дали нему му е потребно обезбедување на нашата територија, за тој да не стане жртва на провокација“, изјави Милков.

Претепувањето на Пендиков предизвика нова криза во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, а официјална Софија дури во еден период за кратко го повлече својот амбасадор од Скопје. Бугарскиот парламент усвои декларација со осуди за Северна Македонија, обвинувајќи за прекршување на човековите права и создавање небезбедност на луѓето што се самоидентификуваат како Бугари.

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Дополнителни тензии предизвикаа повиците од Бугарија за масовно доаѓање во Скопје за одбележување на 151. роденден на Гоце Делчев пред неговиот саркофаг во црквата „Свети Спас“ во Скопје, при што на бугарски активисти не им беше дозволен влез во земјава.

Милков ги обвини властите на Северна Македонија за „минирање“ на обидите за подобрување на билатералните односи.

„Обидите за надградба, обидите за успокојување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија беа всушност минирани од сосема конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа, се разбира, одбележува една нова, уште пониска точка, во нашите односи“, кажа бугарскиот министер за надворешни работи.

Притоа, тој појасни дека станува збор за непочитување на договореното во однос на прославата на роденденот на Делчев.

„Беа преземени одредени ангажмани во однос на давањето почит на Гоце Делчев, коишто не беа испочитувани од РСМ. Треба да се направат консултации во коишто ќе бидат поставени спорните прашање меѓу двете земји“, рече Милков.

Според техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, првично било дозволено тројца граѓани да се поклонот на гробот на Гоце Делчев, а потоа, по реакции, тоа било дозволено за петмина, пренесува mediapool.bg

„Потоа сопре нивниот систем за пропуштање на границата и не работеше четири часа. Системот не работеше само во еден правец, што ја покажува целата… На тие што успеаја да влезат, не им беше дозволено да дојдат до црквата. И беа уапсени и тепани луѓе“, коментира Милков.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
online free course
download micromax firmware
Download Nulled WordPress Themes
free online course