fbpx

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание може да оди во прилог само на провокаторите

-

Министерството за надворешни работи (МНР) преку соопштение до јавноста реагираше на декларацијата за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ што денеска ја усвои Народното Собрание на Бугарија, констатирајќи со жалење дека декларацијата несоодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи.

Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, велат од МНР, таа може да оди само во прилог на провокаторите, чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи.

„Секој чин на провокација од било која страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји“, велат од Министерството за надворешни работи.

Во однос на содржината на декларацијата што бугарските пратеници ја изгласаа, од македонското МНР велат дека Северна Македонија покажа дека посветено работи на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

За наводите за постоење системски проблеми со правата и безбедноста на етничките Бугари во земјава, од МНР велат дека истите целосно се косат со институционално етаблираните факти од релевантни меѓународни институции кои го следат спроведувањето на човековите права и правата на сите етнички заедници, вклучително и бугарската.

„Исто така, Министерството за надворешни работи во повеќе наврати посочи дека Законот за фондации и здруженија не е насочен против здружувањето на ниту една етничка заедница, туку против принципот здруженија на граѓани да носат имиња на контроверзни личности кои претставуваат провокација не само за етничките Македонци, туку и за сите граѓани кои живеат во Северна Македонија. Во истиот контекст, не постои никаква оправдана основа ниту сериозен аргумент да се поврзе работата на историската комисија со измените на Законот за здруженија и фондации. Таа ќе ја продолжи својата работа врз научно аргументирани и потврдени факти и нема допирна точка со условите под кои се формираат и функционираат здруженијата на граѓани и фондации“, реагираат од МНР.

Министерството останува на ставот дека за случајот со физичкиот напад врз македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид, институциите реагирале соодветно, сторителите се приведени и истрагата е во тек, а преку јавни политички активности настанот го осудија највисоките претставници на државата.

„Оттука бројните изјави за овој случај, сега веќе преточени и во содржината на Декларацијата, ги сметаме за преувеличени и неосновани, кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста“, се вели во соопштението на МНР.

МНР повика на воздржаност од натамошни одлуки и дејствија кои сериозно им штетат на односите меѓу двете земји и нивните граѓани, во духот на европските вредности и слободи.

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...