fbpx

Ќучук од Софија и Османи од Скопје предупредуваат: Надворешни фактори не сакаат добри односи меѓу С.Македонија и Бугарија

-

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент од партијата ДПС, Илхан Ќучук изјави дека надворешни фактори не дозволуваат Северна Македонија и Бугарија да имаат добри односи. Станува збор за структури кои не сакаат Северна Македонија да влезе во Европската Унија (ЕУ), како и оние кои не сакаат Бугарија да го европеизира Балканот, изјави Ќучук за БТВ.

„Сите кои не сакаат нашата земја да има влијание. Ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот и во ЕУ“, вели Ќучук.

Тој посочи дека Бугарија треба да инсистира во Северна Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди, коишто им се достапни и на сопствените граѓани. Доколку тоа не се случи, тензиите меѓу двете земји ќе продолжат, смета Ќучук.

„Спорот е во тоа – како Бугарија да не влезе повторно во истата ситуација – на вето, заплашувачки тон, реципрочни дејства. Тоа што се случи со Христијан, е апсолутно недопустливо“, изјави Ќучук во однос на претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Во случајот со Пендиков, Ќучук смета дека станува збор за престап којшто бил сторен поради омраза, а тоа изгледа така од неговите кажувања и од кажувањата на неговите роднини.

„Сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари во РСМ, тензијата ќе продолжи. Дополнително, ние сме во ЕУ веќе 17 години, а не можевме да се приклучиме на блокот за важните теми“, изјави европратеникот Ќучук.

Слична изјава денеска даде и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик. Османи вели дека Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во регионот на Балканот, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Министерот во интервјуто додава дека и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...