fbpx

Чешка доби нов претседател: Силниот поддржувач на Украина Петр Павел го победи Андреј Бабиш

-

Поранешниот чешки генерал Петр Павел, кој беше генерал во НАТО и ветеран во мировните мисии на Балканот, е нов претседател на Чешката Република. На вчерашните претседателски избори тој освои 57,8 отсто од гласовите, со што во вториот круг успеа да го победи поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш кој освои 42,2 отсто од гласовите, пренесува Јуроњуз.

Иако чешките претседатели имаат малубројни овластувања, Павел ќе има влијание врз надворешната политика, но главната поента на вчерашните избори е што чешките граѓани го отфрлија изборот на контроверзниот милијардер Андреј Бабиш.

Верен на своето воено минато, Петр Павел вети дека ќе воведе „ред“ во Чешка, 10-милионска членка на ЕУ и НАТО, погодена од рекордна инфлација и економски превирања поради војната во Украина.

„Не можам да го игнорирам фактот дека луѓето овде се повеќе чувствуваат хаос, неред и неизвесност. Дека државата некако престана да функционира“, рече Павел.

„Треба да го промениме ова“, додаде тој. „Треба да играме според правилата, кои ќе важат за сите подеднакво“, им порача Павел на чешките граѓани.

Критичарите на Петр Павел пак велат дека тој е спорен поради фактот што има воено образование стекнато во поранешна Чехословачка, со која тогаш владееле комунистите поддржани од Кремљ.

И тој како и Бабуш бил член на чешката комунистичка партија, како и неговиот ривал Бабиш, се искачил низ армиските чинови, студирајќи да стане разузнавач на режимот.

Критичарите го обвинуваат за неговото комунистичко минато, иако Павел се бранеше велејќи дека членството во партијата било „нормално“ во неговото семејство и го нарече „грешка“.

По падот на комунистичкиот режим во 1989 година, Павел ја отфрлил својата партиска книшка, но продолжил со курсот за разузнавање.

Среде конфликтот во поранешна Југославија, Павел обучен како елитен падобранец и со чин потполковник во тоа време, помогнал да се евакуираат француските трупи заглавени среде борбите меѓу Хрватите и етничките српски паравоени сили во Хрватска.

Подоцна студирал во училиштата за воена обука во Велика Британија, магистрирајќи на Кралскиот колеџ во Лондон.

Откако неговата земја се приклучи на НАТО во 1999 година, Павел набрзо се искачи во структурите на НАТО Алијансата, станувајќи нејзин главен воен функционер во 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...