fbpx

Уапсен е вториот напаѓач на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид

-

Охридската полиција го уапси и вториот осомничен за нападот на секретарот на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети, Христијан Пендиков. Според охриската полицијата се работи за 23 годишен битолчанец.

„На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик“, соопштија од СВР Охрид.

Првото судско рочиште за другиот осомничен за нападот на Пендиков треба да се одржи на 28 февруари. Според Обвинителството, обвинетиот заедно со уште едно лице од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно го повредиле секретарот на бугарскиот културен клуб.

Пендиков откако обвини дека бил нападнат бидејќи се чувствувал како Бугарин, се наоѓа во Бугарија. Ќе добие обезбедување, бугарско државјанство, привремено живеалиште, пари за издршка на неговото семејство, а и есенва ќе се запише на факултет во Софија.

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...