fbpx

Пред годишнината од инвазијата, Славјанка Петровска од Кијив искажа поддршка за Украина

Петровска упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека Северна Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина и дава полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана

-

На два дена пред одбележувањето на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска од Кијив искажа поддршка за одбрана на сувереноста и независноста на Украина. Министерката Петровска денеска се сретна со нејзиниот украински колега, Олексиј Резников, информираат од Министерството за одбрана.

„Jа изразувам мојата почит и поддршка кон вас украинскиот народ, за вашата храброст, истрајност и одлучност да ја одбраните сопствената територија. Ваков чин на брутална агресија и терор врз цивилно население, деца, жени, стари лица се незамисливи за било која цивилизација во 21-от век. Затоа од самиот почеток Владата на Република Северна Македонија ја осуди руската агресија врз Украина, која е неоправдана и со ништо не е  испровоцирана. Без двоумење застанавме на страната на правдата и човечкото достоинство, на страната на вистината“, рече Славјанка Петровска на денешната прес-конференција со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Петровска упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека Северна Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина и даде полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана.

„Ние бевме јасни и гласни од самиот почеток на агресијата, пред речиси точно една година кога рековме не на крвопролевањето, не на уништувањето во 21 век. Мирот мора да биде вратен веднаш“, додаде Петровска.

Министерката се осврна и на досега укажаната хуманитарна и воена помош за Украина која ја даваме зашто цврсто веруваме во правото на секоја земја за самоодбрана и почитувањето на правилата и принципите на кои се основа меѓународната заедница.

Министерот Резников изрази силна благодарност за сета поддршка од Северна Македонија и порача дека тоа украинскиот народ нема да го заборави. Нарекувајќи ја Петровска храбра министерка која во знак на пријателство допатувала во храбра земја, Резников потенцираше дека Украина е решена да го врати мирот.

„Јас сум сигурен, јас не се надевам, дека нашата следна средба би можела да биде како еднакви членки на НАТО и на ЕУ. Украина треба да постане дел од ова семејство и ние треба да победиме во оваа војна и заеднички ќе победиме во оваа војна“, изјави украинскиот министер за одбрана Резников.

Во Кијив, министерката Петровска положи венец со свежо цвеќе на Ѕидот-паметник на паднатите за Украина, а имаше можност во градот Ирпин, местото каде украинските сили го запреа напредокот на руските сили кон главниот град Кијив, да биде сведок и на разрушувањата предизвикани од бесправната и неиспровоцирана руска агресија врз самостојна и независна Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...