Пендиков стана европски државјанин, Јотова лично му ја даде личната карта

Тој кажа дека планира да се запише на факултет во Бугарија и да студира меѓународни односи и човекови права, а потоа да се врати во Република Северна Македонија

-

Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ денескa на официјална церемонија во Претседателството во Софија доби бугарско државјанство, пренесе БГНЕС.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично му ја предаде личната карта, му вети заштита од државата и го опиша како храбар млад човек кој останал верен на своето бугарско потекло. Таа му честиташе за добивањето бугарско државјанство и истакна дека сега станал граѓанин на ЕУ.

„Голема чест ми е да ви го предадам указот со кој Бугарија ви дава државјанство. Од денеска ќе ги имате правата и обврските што ги има секој граѓанин во нашата држава. Горда сум што можам да врачам бугарски лични документи на млад, храбар човек, кој и покрај насилството и заканите остана доследен на своето потекло“, рече Јотова. .

Пендиков рече дека се чувствува позаштитено затоа што знае дека Бугарија го штити, особено откако добива закани по неговиот живот во Северна Македонија.

„Помирно е чувството дека можам посмирено да одам во Северна Македонија, каде ми претстојат судски процеси и се надевам дека некогаш ќе завршат. Се чувствувам позаштитено затоа што знам дека Бугарија ме штити кога ќе одам во Северна Македонија за случаите каде што всушност добивам закани по мојот живот секој ден“, објасни Пендиков.

Тој кажа дека планира да се запише на факултет во Бугарија и да студира меѓународни односи и човекови права, а потоа да се врати во Република Северна Македонија, за да се бори за правата на македонските Бугари и за признавање на бугарското малцинство во уставот.

На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

 

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...