среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: СВР Охрид | 74 резултати

Уапсен е вториот напаѓач на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид

февруари 22, 2023

Охридската полиција го уапси и вториот осомничен за нападот на секретарот на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети, Христијан Пендиков. Според охриската полицијата се работи за 23 годишен битолчанец. „На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи […]

По нецели два дена, виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид е вандализиран

август 12, 2022

По нецели 48 часа од промоцијата, паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција, објави на својот Фејсбук профил проф. д-р Анис Сефиданис. Неговата компанија „Сефиданис“, во соработка со ученици на ОУ “Григор Прличев” Охрид, заедно работеле на овој иновативен […]

Охрид и Струга преполни со туристи за Илинденските празници

август 1, 2022

Крајбрежјето на Охридското езеро за време на Илинденските празници и годинава е преполно со туристи. По две години пауза, во Охрид и Струга е забележливо присуството и на бројни странски туристи од Полска, Холандија, Романија, Србија, Бугарија, Косово и други земји, покрај домашните гости. Хотелските објекти се преполни со посетители, заедно со приватните сместувачки капацитети, […]

Мешани патроли од родители и полицајци ги посетија местата каде што излегуваат младите во Охрид и Струга

јули 19, 2021

Во периодот  од 16 до 18 јули од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и на Струга, спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“, информираат од СВР Охрид. „Мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа […]

ДИЖС поднесе кривична пријава до ОЈО за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко

април 9, 2021

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја во Охридското езеро во Струшко. „На локацијата исто така беа забележани и траги од опожарена […]

Директорот на Центарот за јавно здравје – Охрид апелира да престане објавувањето на списоци со ковид пациенти

ноември 10, 2020

Од ден на ден сѐ поголемиот број на новозаболени со ковид-19 не е единствениот проблем со кој се соочуваат охриѓани кога станува збор за пандемијата. Имено, од неодамна по социјалните мрежи кружат списоци со лични податоци наводно на пациенти заразени од ковид-19 од градот, што поттикна бурна дебата по социјалните мрежи, но и медиумите. Директорот […]

Браќата Усеини сами се пријавиле во охридската полиција

август 26, 2020

Нефи Усеини и неговиот брат денеска сами се пријавиле во охридската полиција откако судот им изрече мерка притвор во траење од осум дена за инцидентот што се случи минатата недела, потврдија од СВР Охрид за „Мета.мк“. Претходно полицијата не можеше да им влезе во трага откако браќата добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение […]

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

август 21, 2020

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство […]

СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

август 19, 2020

Охридската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат од Охрид. Како што информираат од СВР Охрид, пријавата за Н.У.(45) и И.У.(48) е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа […]

СВР Охрид од денеска со засилени контроли на сите излетнички места

април 16, 2020

Од денеска, како и во текот на викендот, се до вторник, до завршување на велигденските празнични денови, СВР Охрид ќе прави засилени контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд-населбите, како и во верските храмови. „Засилените мерки за контрола на парковите, излетничките места и викенд-населбите почнуваат од […]

Скопјанец позитивен на корона вирусот непречено си се шетал низ Охрид

април 2, 2020

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.А. од Скопје. – На 13-ти март 2020 година, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, тој потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се […]

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

јануари 10, 2020

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на […]

Електричните тротинети ќе го менуваат Законот за безбедност на сообраќајот

август 19, 2019

Расте интересот за користење на електричните тротинети во земјава, а заедно со него и грижата поради фактот што овие превозни средства не се нормативно регулирани и не се воспоставени стандарди за безбедност и за овој вид учесници во сообраќајот. Покрај навалата од вакви превозни средства во Скопје, и во Охрид електричните тротинети летово се хит […]

Издадени 16 прекршочни платни налози на превозници од Охрид, Струга и Кичево

март 21, 2019

Вчера на целото подрачје на СВР Охрид, биле  извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници, информираат од таму. „Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила […]

Полицијата спречи самоубиство на жена која сакала да скокне од зграда во Охрид

октомври 11, 2017

Екипа на охридската полиција утрово спречила самоубиство на 41-годишна жена, која сакала да скокне од петтиот кат на зграда во Охрид. Како што соопшти СВР Охрид, полициската акција траела околу еден час, во зграда во изградба на крстосницата од улиците Туристичка и Абас Амин, по што жената безбедно била спуштена до приземјето на зградата и […]

Полицијата заплени 40 килограми марихуана и уапси две лица во Охрид

август 21, 2017

Секторот за внатрешни работи Охрид и криминалистичката полициија на Министерството за внатрешни работи вчера во координирана акција откриле и заплениле 40 килограми марихуана, во близина на автокампот „Андон Дуков“ во Охрид. За време на акцијата полициските екипи извршиле претрес во метална барака на нива во близина на кампот, каде затекнале две лица од Охрид. На […]

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

август 9, 2017

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата. Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот […]

Голема тепачка на плажата Горица во Охрид, петмина се повредени

јули 21, 2017

Во голема тепачка што се случила на охридската плажа Горица претпладнево, најмалку пет луѓе се повредени, а седуммина се приведени, информира СВР Охрид. Инцидентот се случил во 10.50 часот. Според официјалното соопштение, најверојатно поради меѓусебни недоразбирања кои траeле подолг период, првин дошло до пресметка меѓу две помали групи. Набргу стигнале полицајци кои интервенирале, но тогаш […]

Скопјанец осомничен за серија кражби од возила во Охрид

јуни 26, 2017

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 30-годишниот Д.Д. од Скопје поради основан сомнеж дека извршил серија кражби во автомобили на туристички локации во Охрид. Полицијата го сомничи скопјанецот дека користејќи соодветен алат и физичка сила провалувал во автомобили, сопственост на македонски и на странски државјани, од кои одземал пари, лаптоп-компјутери, хард-дискови, видеокамери, […]

Измамник од Неготино во Охрид посредувал и нудел вработување во Германија

април 11, 2017

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против Д.К. (27) од Неготино, за кого се сомнева дека извршил измама, соопшти портпаролот на секторот, Стефан Димоски. Пријавениот, во периодот од февруари до мај минатата година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги довел во заблуда Ј.С. и З.Р., двајцата од Охрид. Најнапред објавил оглас на „Реклама 5“, […]

Страна 1 од 4