Вчера на целото подрачје на СВР Охрид, биле  извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници, информираат од таму.

„Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8  возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2).По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2)“, се вели во соопштението.