fbpx

На Токсикологија завршиле 23 лица, повеќето биле жени

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан

-

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23. Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

Според МВР, односно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со дел од раководството на МВР на првиот работен ден во Новата година беше во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров“, на територијата на целата држава новогодишната ноќ поминала главно мирно.

Имало вкупно 20 прекршоци на јавниот ред и мир во целата земја.

„Имаме неколку карактеристични случаи за кои преземаме мерки за расчистување. Тие карактеристични случаи се далеку помалку од изминативе години. Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога, и едно загрозување на сигурноста.

Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите СВР-а, имаме регистрирано два прекршоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата.

Ова е најмал број на вакви сообраќајни незгоди кои се случиле досега,” рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...