fbpx

Повратен ефект – кога тврдоглавоста ќе надвладее врз фактите

-

Британската невладина организација „Full Fact“ од Лондон, која се занимава со истражувања поврзани со проверката на фактите (fact checking) и дезинформациите, издаде истражувачки преглед кој се однесува на феноменот „повратен ефект“, кој настанува при проверката на фактите кај медиумските производи или изјавите на политичарите и другите јавни личности.

„Повратен ефект“ во овој контекст значи, всушност, несакано постигнување на обратен ефект од посакуваниот, по извршената проверката на факти. Поконкретно, ова значи читателот, кој бил изложен на првична дезинформација, откако ќе ја прочита проверката на фактите, уште повеќе да верува во првично восприемената дезинформација. Ваквиот ефект понекогаш дури и се интерпретира како доказ дека проверката на факти е неефективна, па дури и контрапродуктивна.

Овој истражувачки преглед анализира седум влијателни експериментални студии, кои го имаат истражувано наводниот „повратен ефект“, главно во САД. Наодите на прегледот покажуваат дека, иако „повратниот ефект“ може да настане во извесни случаи, неговата појава е многу поретка отколку што се претпоставуваше и побивањето на дезинформациите генерално ги вточнува верувањата на луѓето кога станува збор за конкретни тврдења.

Во две студии од 2010 и 2012 година најдени се докази за постоење повратен ефект во извесни околности, но ниедна од поновите студии, кои прегледот ги анализираше (од 2015, 2017, 2018 и 2019) не најдоа докази за постоење на овој ефект.

Случаите кога се појавува „повратниот ефект“ се оние кај кои има силно поделени и спротивставени мислења или, пак, кај оние каде што фактичкото тврдење не содржи убедлив доказ.

Во секој случај, овој истражувачки сугерира дека проверката на фактите им помага на граѓаните да бидат подобро информирани, како и дека појавата на „повратен ефект“ е многу ретка. Тој, исто така, смета оти се потребни дополнителни истражувања и напори со цел да се осознае како содржините со проверки на факти би можеле да бидат најефективни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...