недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: службеници | 27 резултати

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

септември 28, 2022

Граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време, за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да се види одблиску како функционираат. Според она што го […]

Вистиномер: Бројот на вработени во државната администрација опаднал, во јавните установи се зголемил

април 7, 2022

Доколку се анализираат основните податоците од Извештајот за вработените во јавен сектор можат да се извадат неколку заклучоци: бројот на вработени вкупно се зголемил за 905, но се намалил во државната администрација, а се зголемил во јавните установи, јавните претпријатија и општините. Затоа пак, бројот на вработени во Акционерските друштва во државна сопственост се намалил […]

ДЕБАТА: Нема доволно политичка волја за дигитализација на општинските услуги

февруари 8, 2022

Има недостиг на стратешки пристап за развивање на дигитализацијата на локално ниво, оти речиси сите стратегии во моментов се насочени на услугите што ги дава централната власт, а постои и недостиг на интегриран систем на јавни услуги што ќе овозможат одговорна и безбедна испорака на услуги за сите граѓани без исклучок. Отсуствува и разбирање на […]

Половина од поканетите службеници лани не се појавиле на обуки за слободен пристап до информации

јануари 14, 2021

Речиси половина од службените лица во институциите – иматели на информации минатата година биле поканети, но не присуствувале на бесплатните обуки за постапување по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер објави загрижувачки податоци, кои велат дека 71 службено лице […]

Големи разлики во платите на општинските службеници низ земјава

ноември 10, 2020

Во македонските општини лани имало вкупно 5.655 вработени како административни службеници, за кои биле исплатени вкупно 1.241.925.366 денари (20 милиони евра) за основна плата, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Оттаму пресметале дека просечната месечна основна плата на еден општински службеник изнесувала 18.823 денари (306 евра). „Иако основните плати на административните службеници […]

Агенцијата ги почна обуките на службеници за навремено одговарање на барањата за слободен пристап до информации

септември 18, 2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера ја одржа првата од серијата еднодневни обуки на тема: „Примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Главната цел на обуката од стручниот предавач Цветан Станоески е оспособување и едуцирање на службените лица – правилно и навремено да […]

Имаме „европска“ јавна администрација, а „македонска“ невработеност (инфографик)

август 16, 2019

Официјалниот број на вработени во јавниот сектор во земјава е близу до европскиот просек, како процент од вкупниот број вработени, но уште поблизу до македонската стапка на невработеност. Истовремено, просечната стапка на невработеност во ЕУ е 6,8 отсто, или помалку од половина од македонската.  Според Годишниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор за […]

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

август 11, 2019

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не ги опфаќа пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците,општинските советници, претседателите и членовите […]

Издадени 16 прекршочни платни налози на превозници од Охрид, Струга и Кичево

март 21, 2019

Вчера на целото подрачје на СВР Охрид, биле  извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници, информираат од таму. „Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила […]

Манчевски: Ќе анализираме каде има поклопување во администрацијата

ноември 5, 2018

Ќе се прави хоризонтална функционална анализа на јавната администрација, за да се утврди каде има дуплирање, за таа потоа да се реорганизира и оптимизира, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој рече и дека половината од државните органи биле формирани без јасни граници на дејствување и честопати има поклопување на надлежностите. – […]

Полицијата открила 15 мигранти во близина на Гевгелија

февруари 3, 2018

Патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица открила 15 мигранти кај селото Милетково, гевгелиско, информираат од МВР. Мигрантите биле откриени во товарно моторно возило „фиат-дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица. „Од страна на полициските службеници бил извршен  преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти, од […]

Обвинителство: Приведени 24 лица поради незаконско доделување земјиште и субвенции

октомври 5, 2017

Вкупно 24 лица од  Скопје, Тетово, Гевгелија и од Валандово се приведени денеска во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведена со МВР. Приведените се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со доделување државно земјиште и субвенции, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Надлежен јавен обвинител […]

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Ново Село

септември 26, 2017

Пријава за злоупотреба на службената положба против градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, поднесе СВР Струмица. Како што соопштија од полицијата, првиот човек на Општината се товари за одобрување службеници во општината да користат службени возила без патен налог за превезување пропаганден материјал за изборите. СВР Струмица соопшти дека пријавата се темели на член 353, […]

Нов бран на откази во Турција – со декрет отпуштени стотици службеници

август 25, 2017

Во Турција се отпуштени повеќе стотини државни службеници и зголемена е надлежноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган над националната разузнавачка агенција МИТ, покажуваат двата декрети кои денеска се објавени во рамки на вонредната состојба која е воведена во земјата по неуспешниот минатогодишен воен удар. Турција отпушти или суспендира повеќе од 150.000 функционери за време на […]

СДСМ бара одговорност за учесниците во инцидентот со Димитриевски

април 6, 2017

„Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија. Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, како што се информира, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата бараат од институциите веднаш да постапат и да има […]

Раководителот во Кривичен суд, Стаменковски, тврди дека не ја нападнал портпаролката

ноември 16, 2016

Раководителот во секторот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1, Горан Стаменковски, за кој вчера судот соопшти дека вербално и физички ја нападнал портпаролката, испрати демант до медиумите. „Во мојата канцеларијата беше судијата Славјанка Јанковска и привилегираната портпаролка Паула. Вознемирен од сè што се случуваше тој ден, со повисок тон побарав од Паула да […]

Милион службеници во Кина казнети поради корупција

октомври 24, 2016

Кина казни повеќе од еден милион службеници поради корупција во последните три години, соопшти кинеската влада. Уште 409 лица, за кои се наведува дека биле во бегство, уапсени се за време на овие години во странство. Овие податоци се објавени во пресрет на почетокот на шестиот пленум на Комунистичката партија на Кина. На состанок во ексклузивен хотел, далеку […]

Балканските антикорупционери ќе разменуваат податоци за имотот на функционерите

октомври 21, 2016

Mеѓународна нацрт-спогодба за размена на податоци и за верификација на имотот на јавните функционери, беше поддржана во Софија, на состанок на антикорупционери, претставници на влади и на антикорупциски тела од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија. Станува збор за документ што ќе им овозможи на властите и на антикорупциските тела од земјите од регионот, но […]

Брисел непотребно потрошил 5,5 милијарди евра, откриле ревизорите

октомври 13, 2016

Европската Унија непотребно потрошила 5,5 милијарди евра, предупреди денеска Европскиот суд на ревизори, додавајќи дека Брисел мора да ја поврати довербата на европските граѓани кои беа погодени од Брексит и од други кризи. Средствата непотребно биле потрошени на преплатени трошоци за службеници на ЕУ и за развој на компјутерски сервиси во облак. Другиот пример се однесува на малите и […]

Спасовски: До сега се сменети 11 началници во МВР, можно е да се сменат уште четворица

октомври 8, 2016

Досега во Министерството за внатрешни работи се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица, одговори денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, на промоцијата на полициски службеници во Идризово. Спасовски информираше дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во […]

Страна 1 од 2