петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: патници | 122 резултати

Патнички вагон се излизгал од шини на пругата Скопје – Велес, нема повредени лица

јануари 9, 2023

Сообраќајот на пругата меѓу Скопје и Велес во моментов е во прекин, откако еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот се излизгал од шините на станицата „Кадина Река”, меѓу Велес и Скопје. Од ЖРСМ – Транспорт за Мета.мк ја потврдија информацијата и истакнаа дека при инцидентот нема повредени […]

Тројца осудени на доживотен затвор за летот MH17 во кој загинаа 298 луѓе, соборен од руски проектил

ноември 17, 2022

Денеска се изрече пресудата против обвинетите за соборувањето на авионот во 2014 над Источна Украина кога загинаа 298 луѓе. Во отсуство, осудени се три лица на доживотна казна затвор. Објавувањето на пресудата се одвиваше во живо, во присуство на голем број новинарски екипи и семејства и роднини на загинатите во авионската несреќа. Судијата Стинхуис рече […]

ВИДЕО: Прокапа автобусот на релација Тетово-Скопје, на патниците им течеше вода на глава

септември 9, 2022

По десетминутниот дожд попладнево, прокапе вода во автобусот на релација Тетово – Скопје. На патниците, како што сведочат тие, им капело вода на глава, па голем дел од нив се преместиле на предните седишта, а оние за кои немало место напред, излегле водени кога пристигнале во Скопје. „Капеше вода на секое седиште, сите бевме водени. […]

Внатрешната контрола на МВР работи на случајот со земање 20 евра мито по патник на „Блаце“

април 13, 2022

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21 изјави дека е уапсен началник на смена […]

Се запали автобус на ЈСП на постојката во Нерези, нема повредени патници

март 25, 2022

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. „Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе […]

Сарафов: Автобусот на автопатот „Струма“ се движел со несоодветна брзина

декември 14, 2021

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани е во завршна фаза и ги очекуваме конечните заклучоци од наложените експертизи – судско-медицинсктаа, автотехничката, пожарникарската и комплекснатато. Тоа би можело да се се случи пред Божик (25 декември), порача во утринската емисија „Денот почнува“ на Бугарската национална телевизија (БНТ), директорот на Националната […]

Вистиномер: Немало осми преживеан од автобуската несреќа кој се качил автостоп во автобусот на „Беса транс“

декември 9, 2021

Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста во врска со бројот на патници и бројот на преживеани од  автобусот кој трагично изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, а во кој животот го загубија 45 лица и 7 беа повредени, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Постот споделува напис со наслов […]

Условите на патот не се причина за бројот на загинати, туку пожарот во автобусот

ноември 30, 2021

Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска заедно со нејзините колеги ги објави резултатите од увидот на патниот правец каде што се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани. Според Комитова, автопатот „Струма“ каде на 23 ноември се запали автобусот на „Беса Транс“ имал мани, но тие не […]

Вистиномер: На видеоснимката од хотелот во Истанбул не се патниците кои загинаа во кобната несреќа

ноември 30, 2021

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на видеото што се споделува на Фејсбук. Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Двајца повредени во автобуската несреќа оперирани вчера, денеска уште една операција

ноември 25, 2021

Сите седуммина преживеани патници од автобуската несреќа се во стабилна состојба, соопшти денеска доцент Христо Шивачев заменик-медицинскиот директор на Универзитетската болница за активно лекување и ургентна медицина „Пирогов“ (пандан на скопска КАРИЛ) во Софија. „Вчера беа оперирани две од лицата, коишто се стабилни и се во добра општа состојба. Пациентите што беа во шок-собра денеска […]

Пронајдени 44 починати, постои можност да има уште еден, осми преживеан патник

ноември 25, 2021

Во моментов во Бугарија од автобуската несреќа има 44 тела, а според сведочењето на еден од преживеаните можно е да има уште патник кој ја преживеал трагедијата,  посочи портпаролката на бугарскиот јавен обвинител Сијка Милева на денешната прес-конференција. Сепак, таа додава оти посои можност и да станува збор за лошо сеќавање на преживеаниот. „Во моментот […]

Јовески за бТВ: Шпекулација е дека во автобусот имало гориво во туби

ноември 25, 2021

Како шпекулации, во разговор за бугарската телевизија бТВ, Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги отфрли како шпекулација наводите дека во автобусот на „Беса транс“ имало гориво во пластични туби. Тој додаде дека македонското обвинителство зема ДНК примероци од роднини на загинатите за да се идентификуваат жртвите во несреќата, а потоа резултатите ќе бидат предадени на […]

Студеничани обвиено во тага по трагедијата, роднините немаат зборови да ја опишат болката

ноември 24, 2021

Правдата нема да ги врати починатите, но мора да завршат процедурите и да се открие што се случило за да не страдаат други патници во вакви несреќи, вели Фати Исеини, роднина на дел од жртвите во несреќата во Бугарија кои потекнуваат од општина Студеничани. Тој посочува дека истрагата нема да им ја намали загубата, нема […]

Автобуската несреќа на „Беса транс“ со 45 жртви главна вест во светските медиуми

ноември 23, 2021

Несреќата во соседна Бугарија ноќеска, кога во пожарот на автобус на „Беса транс“ од Рашче, Скопје, животите ги загубија 45 лица е во главните вести на најпознатите и највлијателните светски медиуми и на новинските агенции. Ројтерс, АФП, Дојче Веле, Си-Ен-Ен, Би-Би-Си во сервисите на англиски јазик известуваат за големата несреќа, изнесувајќи ги фактите и наводите […]

Заев: Си помагаме кога е тешко, заедно сме и во добро и во лошо

ноември 23, 2021

Ние сме заедно и во добро и во лошо, оваа трагедија ќе има позитивно влијание врз односите на двете земји. Тука сме да си помогнеме кога е тешко, сите институции соработуваат, и тоа е пораката и кон двете земји и кон народите на двете земји. Тука сме и да си помогнеме кога е тешко. Ова […]

Роднините на загинатите молат да добијат информации од Беса Транс за трагедијата во Бугарија

ноември 23, 2021

Членови на семејствата на загинатите со часови бараат да стапат во контакт со сопствениот на компанијата Беса транс за да добијат информации за трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија. „Мојот братучед беше во Турција. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме … веќе, 3-4 часа, колку што поминаа, […]

Филипче: Повредените во несреќата во Бугарија се во стабилна здравствена состојба

ноември 23, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен. „Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во […]

Загинаа 45 македонски државјани во пожар на автобус близу Перник, Бугарија

ноември 23, 2021

Во пожар што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија во релативна близина на Перник, загинаа 45 патници, македонски државјани, што патувале со автобус на „Беса Транс“ на релација Истанбул – Скопје. Најголемиот дел од патниците биле од Скопје, јави бугарски „Медиапул“. Според првичните информации, 17 од жртвите се деца, од кои пет на […]

ЕУ ја отстрани Северна Македонија од листата на безбедни држави од ковид-19

август 31, 2021

Европскиот Совет ја отстрани Северна Македонија од листата на безбедни земји. Ваквата одлука значи дека патниците од земјава ќе подлежат на построги гранични контроли при патување во земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), како и можно воведување на задолжителни тестови на ковид-19 при влез во овие земји и карантини за патници од земјава. Таканаречената „бела листа“ […]

Владата одобри превоз на патници со максимален капацитет на сите превозни средства

јуни 23, 2021

Владата на 81. седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 отсто на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени […]

Страна 1 од 6