fbpx

Вистиномер: На видеоснимката од хотелот во Истанбул не се патниците кои загинаа во кобната несреќа

-

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на видеото што се споделува на Фејсбук. Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Откако се случи трагичната несреќа во Бугарија, каде превезувајќи се во автобус на агенцијата „Беса Транс“, животот го загубија 45 патници, на социјалните мрежи и во медиумите почнаа да протекуваат бројни неофицијални информации, од кои дел невистинити.

Некои од нив, беа преземени и оригинално објавени од странски медиуми, а таков е и примерот што е предмет на оваа рецензија, со видеоснимката од наводното качување на патниците во Истанбул, непосредно откако излегле од хотелот во кој престојувале, а за да го започнат патувањето за враќање во Скопје.

Турскиот медиум „Haberler.com“, прв го објави ова видео, а потоа беше преземено од повеќе домашни медиуми. Таков пример може да се погледне на овој линк. На следниот линк има цел кластер објавен на агрегаторот за вести Тајм.мк, од сите медиуми кои го објавиле видеото.

На следниот пост написот од овој медиум е споделен на Фејсбук. Во коментарите дел од граѓаните пишуваат дека ова претставува вознемирување на семејствата, затоа што видеото нема никаква поврзаност со несреќата. Во сите објавени вести, не е посочено дали патниците кои се регистрирани на видеоснимките се патниците кои се превезувале во автобусот кој заврши кобно. Со оглед на тоа што во Истанбул на викенд организирани тури се упатуваат голем број на автобуси од земјава и од Скопје, тоа значи дека се инволвирани голем број на луѓе, семејства и патници. Не сите од нив биле во спорниот автобус.

Автобусот, според официјални информации од Царинската управа на Република Северна Македонија бил со регистерски ознаки СК 0284 БА.

На видеото кое се споделува од сигурносните камери од хотелот во Истанбул, не е евидентирана ниедна регистерска ознака. Од видеото не може да се заклучи дека патниците од хотелот се качуваат токму во спорниот автобус.

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на тоа видео.

Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи, медиумите ќе дезинформираат и ќе дистрибуираат некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници. Меѓу автобусите што се појавуваат на тие видеа не е автобусот од трагичната несреќа. Бараме од сите медиуми да го објават ова, а не да го искористуваат трагичниот случај. Ние немајќи официјална информација, не преземавме никакви чекори за информирање на јавноста, така што како колку што е можно да се држат настрана од дезинформации, рекоа оттаму.

Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот. Не постои јавен интерес кој е исполнет со објавувањето на овие снимки, дури и кога на него би се појавувале навистина патниците од сообраќајката што не е случај. Со оглед на сето ова оценуваме дека во овој случај станува збор за дезинформација, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...