понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: автобуска несреќа | 87 резултати

Случај „Ласкарци“: Вештаците движењето на автобусот од 19,5 тони го тестирале со „Шкода рапид“ од 1,6 тони

септември 12, 2023

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа на „Дурмо турс“ која се случи во Ласкарци во февруари 2019 година и во која животот го загубија 16 лица, а 37 други беа повредени. Обвинителот Дарко Јакимовски продолжи со поставување на прашања за вештакот Лупчо Апостолов, кој заедно со Невзат Зекир и Јакуб Мамути […]

Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот

април 25, 2023

Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата. Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на […]

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство

април 18, 2023

Царинската управа на РСМ за Порталб.мк потврди дека двајцата цариници кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да ја помине границата со Бугарија се казнети, односно едниот бил отпуштен од работа, а другиот бил казнет со намалување на платата за 15 отсто за период од шест месеци. Вториот цариник веќе е вратен на […]

Една година од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

ноември 23, 2022

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија. Истрагата за несреќата не е завршена во […]

Најмалку 11 загинати лица во автобуска несреќа на автопат во Хрватска

август 6, 2022

Автобус со полски регистарски таблички излетал од автопатот А4 околу 5:40 часот утрово, при што во несреќата загинале најмалку 11 патници и 25 се потешко повредени, јавува Index.hr. Хрватската радио-телевизија пренесува дека несреќата се случила помеѓу населените места Јарек Бисашки и Подворец, а првичните сомнежи се дека возачот на автобусот заспал што довело до несреќата. […]

Порталб: Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во РСМ не презеде кривична одговорност

мај 1, 2022

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Северна Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на […]

Бугарската националната истражна служба: Возачот на автобусот на „Беса транс“ е крив за несреќата

јануари 26, 2022

Шефот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов во изјава за БТВ рече дека возачот на автобусот на „Беса транс“ е крив за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, во најголем дел македонски граѓани. „Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и […]

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

јануари 12, 2022

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија. Претходно, Министерството за транспорт и […]

Сарафов: Автобусот на автопатот „Струма“ се движел со несоодветна брзина

декември 14, 2021

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани е во завршна фаза и ги очекуваме конечните заклучоци од наложените експертизи – судско-медицинсктаа, автотехничката, пожарникарската и комплекснатато. Тоа би можело да се се случи пред Божик (25 декември), порача во утринската емисија „Денот почнува“ на Бугарската национална телевизија (БНТ), директорот на Националната […]

Вистиномер: Немало осми преживеан од автобуската несреќа кој се качил автостоп во автобусот на „Беса транс“

декември 9, 2021

Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста во врска со бројот на патници и бројот на преживеани од  автобусот кој трагично изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, а во кој животот го загубија 45 лица и 7 беа повредени, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Постот споделува напис со наслов […]

Вистиномер: Не е точно дека возачот на „Беса транс“ заспал и дека немало негова реакција

декември 6, 2021

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со автобуската несреќа, која се случи на автопатот Струма во Бугарија во која 45 лица загинаа, а 7 беа повредени, во делот на причините, поточно дека возачот на автобусот заспал зад воланот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во објавата се споделува напис со наслов „Ова […]

Погребани жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

декември 3, 2021

Со огромна болка и солзи, семејствата на загинатите лица со пријателите и бројни сожители од населените места денеска ги погребаа 45-те жртви од автобуската несреќа во Бугарија. Голем број на граѓани и на плоштадот „Скендербег“ им оддадоа почит на загинатите лица во несреќата, во која автобус на „Беса транс БТБ“ изгоре на автопатот „Струма“ во […]

Утре на плоштадот Скендербег граѓаните ќе можат да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа

декември 2, 2021

Утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи. По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Граѓаните ќе можат да оддадат последна […]

Идентификувани телата на сите 45 загинати во автобуската несреќа, останките утре со два авиона пристигнуваат во Скопје

декември 2, 2021

Идентификувани се сите 45 загинати жртви на автобуската несреќа на возилото на „Беса Транс“, кое изгоре во пожар по 2 часот ноќта на 23 ноември на автопатот „Струма“ кај селото Боснек, близу Перник, соопшти директорот на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов. Како што пренесе „Медиапул“, идентификацијата е направена преку ДНК анализите. Примероците од […]

ЕК: На транспортниот сектор му недостигаат капацитети и политичка посветеност за реформи

декември 1, 2021

Кобната автобуска несреќа на македонскиот превозник „Беса Транс,“ која што се случи во Бугарија и при која што животот го загубија 45 лица од С. Македонија освен голема тага покрена и низа на прашања за сериозни недостатоци во превозот на патници за кои јавноста се уште нема одговор. Затоа пак, ЕК во својот Извештај за […]

Условите на патот не се причина за бројот на загинати, туку пожарот во автобусот

ноември 30, 2021

Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска заедно со нејзините колеги ги објави резултатите од увидот на патниот правец каде што се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани. Според Комитова, автопатот „Струма“ каде на 23 ноември се запали автобусот на „Беса Транс“ имал мани, но тие не […]

Вистиномер: На видеоснимката од хотелот во Истанбул не се патниците кои загинаа во кобната несреќа

ноември 30, 2021

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на видеото што се споделува на Фејсбук. Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Симеон Ананиев: Истрагата и судењето за несреќата во Бугарија може да трае и 5 години

ноември 30, 2021

Мета.мк направи интервју со Симеон Ананиев, претседател на Здружението на вешти лица на Бугарија и професор на Универзитетот по транспорт „Тодор Каблешков“ од Софија по несреќата со автобусот на „Беса транс БТБ“ што се случи минатата недела на автопатот „Струма“ во близина на бугарскиот град Перник. Несреќата на автобусот „Беса Транс БТБ“ на автопатот „Струма“ […]

Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

ноември 30, 2021

Двокатен кинески автобус на ЈСП-Скопје што сообраќал на линијата број 7 од Лисиче кон Карпош вчера вечер околу 18:30 часот се запали на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Возачот го приметил чадот кај моторот од автобусот, застанал, ги евакуирал патниците и повикал пожарникари. Нема повредени лица, а од ЈСП Скопје излегоа со информација дека […]

Вистиномер: Не е точно дека во автобусот на „Беса транс“ се шверцувале еден тон нафта и 30 илјади петарди

ноември 29, 2021

Бугарските обвинители на прес-конференција демантираа дека во автобусот имало туби со нафта. „Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби но биле празни, има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од тубите“, изјави Борислав Сарафов, заменик главен обвинител на Бугарија. Сарафов […]

Страна 1 од 5