fbpx

Погребани жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

-

Со огромна болка и солзи, семејствата на загинатите лица со пријателите и бројни сожители од населените места денеска ги погребаа 45-те жртви од автобуската несреќа во Бугарија.

Голем број на граѓани и на плоштадот „Скендербег“ им оддадоа почит на загинатите лица во несреќата, во која автобус на „Беса транс БТБ“ изгоре на автопатот „Струма“ во близина на бугарскиот град Перник.

Меѓу загинатите патници во автобусот кои беа погребани денеска имаше 12 деца, многу млади луѓе и по неколку лица од една фамилија. Поради нивната желба агонијата да заврши што побргу, бидејќи 10 дена очекуваа достоен погреб за најблиските, посмртната поворка низ главниот град беше откажана.

Несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија се случи рано утрината на 23 ноември. Автобусот на туристичката агенција „Беса транс БТБ“ превезуваше патници кои од Истанбул се враќаа во Скопје преку Бугарија. Седум лица беа повредени. Истрагата за причините на несреќата ја води бугарското обвинителство во соработка со македонските колеги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...