fbpx

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

-

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија.

Претходно, Министерството за транспорт и врски на фирмата „Беса транс“ ѝ ја одзеде и лиценцата за превоз на патници.

Од Министерството за економија информираат дека пристигнал извештај од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција.

По ова, на вчерашната прес-конференција, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса травел”.

„Беса Травел“ немаше А-дозвола за да продава аранжмани за странство и да организира тури и тоа го правеше во соработка туристичката агенција „Бест Травел“, која поседува А-лиценца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...