fbpx

Условите на патот не се причина за бројот на загинати, туку пожарот во автобусот

-

Министерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова денеска заедно со нејзините колеги ги објави резултатите од увидот на патниот правец каде што се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани.

Според Комитова, автопатот „Струма“ каде на 23 ноември се запали автобусот на „Беса Транс“ имал мани, но тие не се причина за трагедијата.

„Во 2002 година бил одобрен проектот. Реализираното е според проектот, разликата е минимална. Тој пат де јуре не е автомагистрала, туку пат. Патот не е проектиран за да биде автомагистрала. Не е нормално да се движиме со 140 на пат. Ќе ја намалиме до 90 километри на час. Мора да има ограничување“, рече архитектот Владо Калинов.

Бугарските власти сметаат дека брзината не била причина за несреќата. За нив сè уште останува загатка како настанал пожарот.

„Ова е помала категорија на пат. На магистралите сме виделе многу катастрофи, превртени камиони итн., но овде имаме пожар, кој, според мене, е првата причина за толку загинати, а кој не знаеме како настанал“, рече Комитова.

По несреќата, бугарските обвинители наредија проверка на патот каде што се случи несреќата. Бугарската министерка смета дека, иако некој може да каже дека заштитната ограда е виновна, нема едноставен одговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...