fbpx

Царина истражува како автобусот на „Беса транс“ без извод од лиценца го минал преминот „Деве Баир“

-

Царинската управа на РСМ од рано утрово започнала контрола за тоа како автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија успеал да го мине граничниот премин „Деве Баир“. Детали за контролата нема, но од Царина велат дека за наодите од контролата јавноста навремено ќе биде информирана.

„Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на ГП Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин“, се наведува во соопштението на Царинската управа на РСМ.

Ваквата контрола следи откако вчера министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше оти кобниот автобус на „Беса транс БТБ“ немал извод од лиценца издадена од ова министерство, без којшто документ, на возилото му било дозволено да ја премине границата со Бугарија, но и да стигне до Турција и да се врати назад.

Бочварски вчера рече дека контролата и надзорот над превозот на патници и стоки е во надлежност на Државниот инспекторат за транспорт, а при констатиран недостаток од нивна страна, Министерството за транспорт и врски може да ја одземе лиценцата на превозникот.

Сепак, при меѓународен превоз на патници, Бочварски додаде дека контрола на поседувањето на извод од лиценца за возилото може да се направи и на граничните премини, односно Царинската управа по закон може да провери дали возилото го поседува овој документ и ако не го поседува, тогаш тој автобус требало да биде запрен на граничниот премин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...