fbpx

Една година од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

-

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија.

Истрагата за несреќата не е завршена во Бугарија. Се чекаат одговори од македонското обвинителство, иако истрагата првично покажала дека автобусот се движел со поголема брзина од дозволената, удрил во заштитната ограда, а потоа се запалил.

Во Основниот кривичен суд – Скопје, пред осум дена, започна судењето за „Беса Транс“ поврзано со оваа автобуска несреќа. Управителот, Беким Хаџиу е обвинет за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај. Тој рече дека не се чувствува виновен.

Управителот на „Беса транс“ не се чувствува виновен за фалсификување извод од лиценца за меѓународен превоз

Пред тој да се произнесе, обвинителот Владимир Милошески го опишал обвинителниот предлог, според кој управителот на „Беса транс“ преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски.

Во јануари годинава, шефот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов во изјава за БТВ рече дека возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина“, изјави Сарафов по затворањето на случајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...