fbpx

Бугарската националната истражна служба: Возачот на автобусот на „Беса транс“ е крив за несреќата

-

Шефот на бугарската националната истражна служба, Борислав Сарафов во изјава за БТВ рече дека возачот на автобусот на „Беса транс“ е крив за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, во најголем дел македонски граѓани.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина“, изјави Сарафов по затворањето на случајот.

Според него, сега останува да се изврши судска наредба во Северна Македонија и да се известат роднините на жртвите дека имаат право да направат увид во материјалите.

Трагичната несреќа се случи на 23 ноември 2021 година во раните утрински часови. Тогаш автобусот на „Беса Транс“ полн со туристи кои се враќаа Истанбул удри во ограда на автопатот Струма, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца. Несреќата ја преживеаја само седуммина.

По несреќата, во Македонија и во Бугарија беа прогласени денови на жалост, а општините од каде што се потекнуваа жртвите и Град Скопјен одделија дел од својот буџет за помош на семејствата на жртвите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...