Загинаа 45 македонски државјани во пожар на автобус близу Перник, Бугарија

-

Во пожар што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија во релативна близина на Перник, загинаа 45 патници, македонски државјани, што патувале со автобус на „Беса Транс“ на релација Истанбул – Скопје. Најголемиот дел од патниците биле од Скопје, јави бугарски „Медиапул“. Според првичните информации, 17 од жртвите се деца, од кои пет на помала возраст, а 12 во тинејџерски години.

Спасени се седум лица, кои се сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија. Состојбата на овие патници е стабилна, не се во животна опасност и се свесни. Шестмина се со изгореници, а еден од повреди на нога.

Во „Пирогов“ пристигнаа и македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, а таму се и техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, вицепремиерот Бојко Рашков и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, јави „Медиапул“.

„Информацијата што ја имам моментално е дека повеќето од настраданите се од Скопје“, рече Османи, појаснувајќи дека автобусот превезувал туристи од Истанбул за Скопје.

Трагедијата се случила околу 2 часот ноќеска, а со изгорениот автобус биле уште три автобуси на „Беса Транс“. Изгорениот автобус бил последен во колоната. Возачот загинал и вратите на автобусот останале неотворени. Преживеаните рекле дека ги кршеле прозорците за да се спасат.

Автобусот влегол на бугарска територија околу 21 часот вчера на преминот „Капитан Андреево“, а отприлика два часа пред да се случи трагедијата, околу полноќ, застанал на бензинска станица близу Софија и потоа го продолжил патот кон Македонија.

Почната е истрага, а според првичните претпоставки можно е автобусот да удрил во заштитната ограда на автопатот и потоа да се запалил, но можно е и да се случило обратното. Околу 50 метри од заштитната ограда се уништени.

Спроед градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров, на потегот каде се случил пожарот на македонскиот автобус, често се случуваат сообраќајни несреќи, оти таму успонот е голем, а ноќеска и врнело дожд и коловозот бил лизгав, објасни Владимиров.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...