Играта Never Alone бесплатна на Epic Games до 25 ноември

Скриншот од играта Never Alone
Фото: Never alone

Играта Never Alone e бесплатна за преземање на Epic Games до 25 ноември. Стаснува збор за прекрасна платформска игра каде играте со ескимче девојче од Инупиак народот од Алјаска а во текот на целата игра ви помага и бела лисица како животно водич. Играта има убава атмосфера и движењата на ликовите се супер анимирани со сите можни варијации на акција што може да им се случува на ескими во игра. Дали ќе ве брка  шаман кој фрла оган или гладна бела мечка или пак едноставно мразовите што се движат во морето ќе ви бидат противник, сепак ќе најдете начин да ги надмудрите противниците и да ги совладате загатките. 

Исто така, голем акцент е ставен на фолкорот со којшто се запознаваат играчите. Во текот на приказната отклучувате приказни што се однесуваат на реалните Инупиак луѓе од Алјаска за нивните традиции и обичаи кои можете да ги гледате веднаш штом ќе ги отклучите. 

Во текот на авантурата со помошта на белата лисица која ви е и најдобар пријател и животно водич отклучувате помош и од други животни или нивни спиритуални манифестации нацртани и анимирани во посебен арт стил. Пливањето и гњурењето под вода е толку мазно направено што ретко се среќава таква анимација во игрите воопшто. Како што се зборува и во трејлерот за играта “Што вреди мудроста на старите приказни ако не е раскажана?” и “се собравме со тим од целиот свет преку играва да ја раскажеме приказната”. 

Ова е платформер што навистина вреди да се изигра и самата игра не е лесна и е предизвикувачка и за почетници и за понапредни гејмери.