fbpx

Роднините на загинатите молат да добијат информации од Беса Транс за трагедијата во Бугарија

-

Членови на семејствата на загинатите со часови бараат да стапат во контакт со сопствениот на компанијата Беса транс за да добијат информации за трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија.

„Мојот братучед беше во Турција. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме … веќе, 3-4 часа, колку што поминаа, немаме никаква информација, дури и не се јавуваат. Ова мислам дека не е во ред“, изјави Џелал Бакију.

Фото: Мета.мк

Утрово локацијата пред канцеларијата на компанијата Беса транс во Скопје ја обезбедува полицијата. Канцеларијата на компанијата е затворена, а на телефонските броеви на компанијата никој не се јавува.

Фото: Мета.мк

Во автобусот на Беса транс патувале 52 лица. Меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Несреќата во која загинал и возачот, ја преживеале 7 лица од кои 2 се жени и 5 мажи. Тие се во стабилна состојба и се згрижени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...