fbpx

Двајца повредени во автобуската несреќа оперирани вчера, денеска уште една операција

-

Сите седуммина преживеани патници од автобуската несреќа се во стабилна состојба, соопшти денеска доцент Христо Шивачев заменик-медицинскиот директор на Универзитетската болница за активно лекување и ургентна медицина „Пирогов“ (пандан на скопска КАРИЛ) во Софија.

„Вчера беа оперирани две од лицата, коишто се стабилни и се во добра општа состојба. Пациентите што беа во шок-собра денеска се преместени во одделение на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Денеска ќе се изврши уште една операција на еден од болните“, соопшти Шивачев на денешниот брифинг.

Психолози и понатаму им укажуваат специјализирана помош на повредените.

На клиниката се сместени седум преживеани патници на автобусот на „Беса Транс“ што во вторникот ноќта имаше трагична несреќа на автопатот „Струма“ близу Перник при враќање кон Македонија.

Иако до денеска се сметаше дека загинале 45 од патниците и возачите, а преживеале седуммина, односно сместените во „Пирогов“. Но, денеска портпаролката на бугарскиот јавен обвинител Сијка Милева на прес-конференција рече оти има мртви тела на 44 луѓе, а еден од преживеаните кој се наоѓа во болницата во Софија недвосмислено тврдел дека се спасиле 8 патници, а не 7, колку што се сега сместени во болницата.

Исто така, на прес-конференцијата на бугарското Обвинителство денеска беа отфрлени и одредени шпекулации дека имало полни канистри со гориво коишто биле главни причини за пожарот, а беше отфрлена и можноста да станува збор за терористички напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...