понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: патници | 122 резултати

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

октомври 31, 2015

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини. „Луфтханза“ има околу 10 летови кои поминуваат над Синајскиот Полуостров.  

Во тек е потрагата по телата на загинатите при падот на рускиот авион

октомври 31, 2015

Египетските медиуми објавија на социјалните мрежи први фотографии од рускиот патнички авион што денеска се урна на полуостровот Синај. Во тек е потрага по телата на загинатите, а египетската војска префрли неколку тела на жртвите до базата во источниот дел на Каиро. Првите 35 тела веќе се однесени во мртовечница. Досега, околу 145 тела се најдени на […]

ИД ја презеде вината за уривање на рускиот авион, Русија демантира

октомври 31, 2015

Исламска држава ја презеде вината за уривање на рускиот авион кој утринава полетал од Шарм ел Шеик, а превезувал повеќе од 200 патници кои го изгубија животот во несреќата. Министерството за транспорт на Русија, пак, ја демантира оваа информацијa. „Сега во различни медиуми се појавува информација дека рускиот патнички авион, кој летал од Шарм ел Шеик за […]

Пронајдени стотина тела на загинатите при уривањето на рускиот авион во Египет

октомври 31, 2015

Спасувачките екипи што работат на местото каде утринава се урна рускиот авион, извадиле околу 100 тела на луѓе кои загинале при падот на авионот, јавуваат светските новински агенции, повикувајќи се на извори од спасувачкиот тим. Сите 224 патници во авионот биле руски државјани, меѓу кои 17 деца, како и седумчлен екипаж. Според последните податоци, пронајдена е една […]

Руски авион со повеќе од 200 патници се урна кај Синај

октомври 31, 2015

Руски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот утринава се урна во Египет, поточно во централниот дел на Синај, потврдија египетските власти. Авионот, кој бил од типот „ербас А-321“,  се урнал набргу по полетувањето од Шарм ел Шеик, а летал кон Санкт Петерсбург. Полицаец од тимот за спасување рекол дека авионот бил целосно […]

За овие девет месеци, 20 проценти поголем број на патници за разлика од лани

октомври 9, 2015

Вкупно 1.183.728 патници патуваа на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од годинава, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот период лани. – За разлика од аеродромите во Европската унија, каде во август просекот за пораст на број на патници е 5,2 проценти, ние […]

Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 18 проценти во однос на лани

септември 11, 2015

Во периодот јануари-август, на двата аеродроми е забележано зголемување на бројот на превезени патници за 18,3 проценти, споредено со истиот период минатата година. Од двата аеродроми, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, превезени се вкупно 1.021.713 патници. Во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863.716 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, […]

Бројот на патниците на аеродромите, зголемен за 28 проценти од лани

август 10, 2015

Во јули годинава бројот на патници е зголемен за 28 проценти, во споредба со јули 2014 година, информираат од „ТАВ Македонја“. Ако лани во јули македонските аеродроми имале 144.784 патници, оваа година во јули бројот на патници изнесува 185.811. – Во периодот јануари-јули 2015 година, бројот на патници е зголемен за 17 проценти, од 704.563 патници во […]

Пристигнаа првите патници од новата директна авионска линија Скопје – Нирнберг

јули 1, 2015

Денеска на аеродромот „Александар Велики“ пристигнаа првите патници од нововоспоставената директна авионска линија Скопје – Нирнберг, соопштија од Град Скопје. Со летот, во Скопје пристигна и официјална делегација на градот Нирнберг, предводена од заменик-градоначалникот, Кристијан Фогел. – Ми претставува чест што првпат го посетувам Скопје, град со кој имаме долгогодишна одлична соработка. Се надевам дека […]

Во првите три месеци, превезени 2 милиони патници

мај 28, 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз, бројот на превезените патници изнесува 2.090.000. Во железничкиот превоз, пак, изнесува 156.000, во градско-приградскиот превоз – 19.987.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268.046. Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од […]

Шест патници и едно бебе загинаа во хеликоптерска несреќа во Белград

март 14, 2015

Во хеликоптерска несреќа, која синоќа се случи во близина аеродрмот „Никола Тесла“ во Белград, загинаа седум патници, меѓу кои и едно бебе. Леталото тргнало од Рашка, кадешто било ангажирано во спасување бебе, родено пред пет дена. Посадата на воениот хеликоптер требало да го спаси бебето кое било заглавено на пат кон Крагуевац во возило на итната медицинска […]

Туск: ЕУ да создаде единствена база на податоци за патниците

јануари 13, 2015

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска во своето обраќање пред Европарламентот, се заложи за воспоставување заедничка база на податоци за патниците во авиосообраќајот за подобро да се справат со терористичките закани. Според Туск, базата која би била достапна не само на безбедносните служби на ЕУ, туку и на САД, би го олеснила следењето на […]

Пронајдени 30 тела на патници на „Ер Азија“

јануари 2, 2015

Спасувачките тимови што трагаат по загинатите патници на „Ер Азија“, во Јаванско Море пронашле уште 30 тела, од кои пет сè уште биле врзани за седиштата, соопшти портпаролот на индонезиската морнарица. Авионот со 162 патници и членови на екипажот, од непознати причини исчезнаа од радарите, откако пилотот најавил дека ќе го смени курсот на летање поради лошите […]

„Делфина“ ги одложи автобуските линии за попладне, „Галеб“ заглави кај Кичево

декември 29, 2014

Вистинска драма и кошмар поминаа синоќа многу патници, на патниот правец Кичево – Охрид. ЈП „Македонија пат“ потфрли целосно, како да беше изненадено од снегот среде зима. Вчера попладне, од Охрид кон Кичево ниту едно возило не го чистеше снегот, додека во градот екипите на „Охридски комуналец“, потпомогнати со возила на приватни компании, со чистење […]

„Виз ер“ пренесе еден милион патници

декември 5, 2014

Еден милион патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје досега има пренесено нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од почетокот на својата работа во 2011 година. Оваа авиокомпанија моментално вработува 47 луѓе.

Драстично се зголемува бројот на превезените патници и стоки

ноември 28, 2014

Товарниот воздухопловен превоз во 2014 година е за 96,4 отсто зголемен во споредба со истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци за истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13,2 отсто, а во железничкиот превоз за 21,3 […]

Кенија: Најмалку 28 загинати откако милитанти киднапирале автобус

ноември 22, 2014

Најмалку 28 патиници се убиени кога милитатите на групата Ал Шабаб киднапирале автобус во североисточниот дел на Кенија, на границата со Сомалија, соопштија властите во Кенија. Групата Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајки дека тоа е одмазда за нападите врз џамии во пристанишниот град Момбаса. Кенија е мета на напади на милитантите од […]

Се урна авион на Бахами, сите девет патници загинаа

ноември 10, 2014

При вчерашното уривање на авион на Бахами, загинаа сите девет патници и членови на екипажот. Авионот „лир 36 егзекјутив џет“ полетал од главниот град на Бахамите, Насау, и се урнал околу 17 часот по локално време, при слетувањето на меѓународниот аеродром „Гран Бахами“, соопшти бахамското министерство за транспорт и авијација. Сè уште не е позната причината […]

Страна 6 од 6