fbpx

Се запали автобус на ЈСП на постојката во Нерези, нема повредени патници

-

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

„Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот“, наведено е во соопштението на ЈСП.

Од таму додаваат, дека благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.

Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...