Охрид и Струга преполни со туристи за Илинденските празници

-

Крајбрежјето на Охридското езеро за време на Илинденските празници и годинава е преполно со туристи. По две години пауза, во Охрид и Струга е забележливо присуството и на бројни странски туристи од Полска, Холандија, Романија, Србија, Бугарија, Косово и други земји, покрај домашните гости. Хотелските објекти се преполни со посетители, заедно со приватните сместувачки капацитети, автокамповите, па дури и оние што се подолго време напуштени, како што е автокампот „Треска“ во Радожда.

Покрај фестивалот „Охридско лето“, деновиве во Охрид и Струга има бројни музички фестивали и ноќни забави, па така голем е бројот и на млади посетители на охридското крајбрежје.

Поради големиот број на гости, и во Охрид и во Струга деновиве е тешко да се најде паркинг во централните градски подрачја, а сообраќаен метеж има и на патот Охрид-Свети Наум поради големиот број на возила кои одат претпладне кон плажите и се враќаат во попладневните часови назад кон Охрид.

Единствена негативна слика што е забележлива во Охрид и Струга деновиве е фрлањето ѓубре од несовесните посетители на јавните површини. И во двата града, особено во вечерните часови, може да се забележат преполни контејнери со отпад, но и расфрлани отпадоци надвор од контејнерите.

Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје, тие деновиве ги интензивирале активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.

„Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво“, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Полни раце работа деновиве има и охридската полиција, која во Охрид и Струга ја има главната улога во регулирањето на сообраќајот по улиците преполни со возила. Од СВР Охрид информираат дека има и немили настани во градот.

На 31.07.2022 година по 1 часот по полноќ во СВР Охрид било пријавено дека охриѓанец во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и со остар предмет се обидел да ја повреди. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера по полноќ го лишиле од слобода И.М.(20) од Битола, кај кого е пронајден и одземен еден куршум и една чаура. При претрес на 18-годишно лице од Скопје во саботата навечер, на паркинг во близина на угостителски објект во туристички комплекс во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана. 

СВР Охрид информира дека во водите на Охридското езеро во саботата, на 30.07.2022 околу 15.15 часот, е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод. По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...