fbpx

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

-

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков.

„Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството без да прецизираат дека станува збор токму за напаѓачот на Пендиков.

Според Обвинителството, обвинетиот заедно со уште едно лице кое до овој момент е непознато, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно го повредиле оштетениот. Едниот од обвинетите во истражната постапка се бранел со молчење, се дознава од соопштението.

„На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот“ соопшти Обвинителството, кое побара и продолжување на притворот.

Пендиков откако обвини дека бил нападнат бидејќи се чувствувал како Бугарин, се наоѓа во Бугарија. Тој со бугарски воен авион од охридската болница беше пренесен на лекување на ВМА во Софија, а ќе добие и бугарско државјанство и привремено живеалиште. Бугарското МНР ќе исплати и парична помош за семејството на Пендиков додека тој е во Бугарија.

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

Истовремено, другиот напаѓач за кој бугарскиот пратеник и поранешен министер, Даниел Лорер, рече дека бил бугарски државјанин, е во бегство.

Претепувањето на Пендиков потпали нова криза во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, а официјална Софија дури во еден период за кратко го повлече својот амбасадор од Скопје.

На 22 јануари, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со неговиот колега Николај Милков во Софија го посетија повредениот Пендиков. Османи тогаш оцени дека овој чин не ги одразува вредностите на мултиетничкото општество на граѓаните на Република Северна Македонија и кажа дека ќе се погрижи да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем.

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

Но, дополнителни тензии предизвикаа и повиците од Бугарија за масовно доаѓање во Скопје за одбележување на 151. роденден на Гоце Делчев пред неговиот саркофаг во црквата „Свети Спас“ во Скопје, при што на бугарски активисти не им беше дозволен влез во земјава.

Тогаш, Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека со жалење констатира оти во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон земјава и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и државата.

 

 

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download intex firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy course