fbpx

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

-

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

„Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. Секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и било која друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај. Иако се обидуваат да ни накалемат дека државата не презема мерки за некоја категорија на граѓани, дека не води ефикасни истраги, што не е точно“, рече Спасовски.

Спасовски потенцира дека последните случувања се дел од поголемо сценарио, зад кое стојат одредени неодговорни политичари кои, според него, не сакаат да имаат добри односи во регионот.

„Многу лажни вести се шират. Не реагирала полицијата иако било пријавено, не реагирало здравството, што не е точно. Веднаш после пријавата, после сознанијата македонските полицајци отидоа во болница за да видат што се случува, да земат изјава, се дадоа првичните изјави. Во болничките центри, во Општата болница се преземени мерки, од првично згрижување на пациентот и заминување во Свети Еразмо. Ова мора да го знае македонската јавност за да не бидеме манипулирани поради неинформираност“, рече Спасовски.

Тоа што повредениот Пендиков експресно беше префрлен во Бугарија на лекување, според него, е исто така дел од смислено сценарио.

„Секако дека ова е креирање на сценарио, со кое се сака да се покаже наводна грижа, а исто таква и подобра може да добие и во установите во РСМ. Нашиот дел ќе го правиме. Не смее да подлегнеме на провокациите од било која страна која ќе го наруши нашиот меѓудржавен однос, која ќе го наруши нашиот пат кон ЕУ. Иако сметам дека сериозно државата мора да реагира и да одговори на секоја провокација и навреда на македонскиот народ и македонската држава“, порача Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...