fbpx

Тепачка и турканици во бугарскиот парламент

Во Бугарија треба да се формира коалициска влада на ПП-ДБ и ГЕРБ, на неодамнешниот премиер Бојко Борисов

-

Во бугарското Собрание денеска работниот ден почна со притисоци што резултираа во физичка пресметка. Две резолуции – едната на „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ), а другата на „В’зраждане“ (Преродба) на познатиот националист и русофил Костади Костадинов, познат како „бугарскиот Копејкин“, предизвикаа спор што резултираше со физичка пресметка, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Во Бугарија треба да се формира коалициска влада на ПП-ДБ и ГЕРБ, на неодамнешниот премиер Бојко Борисов.

„Пред отприлика 3 години во Бугарија почнаа протести во коишто се вклучија стотици илјади бугарски граѓани. Протестите беа за барање оставки од тогашниот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Зад тие протести застанавме ние, но и други партии, коишто тогаш се бореа на зборови со сето тоа, а денеска преговараат за кабинет со оние коишто долги години ги нарекуваа „мафија“,“, порача Искра Михаилова од „В’зраждане“ од говорницата во бугарскиот парламент.

Таа обвини дека мирниот карактер на демонстрациите не спречил во нив да бидат повредени стотици луѓе, а илјадници загубија работни места. Целата енергија на протестите беше брутално предадена од оние коишто денеска разговараат со ГЕРБ за заедничка власт и ја бараат довербата на ДПС (Движење на права и слободи – претежно партија на Турците и муслиманите во Бугарија – заб.прев.)“, рече Михаилова.

Таа побара вториот мандат за влада ПП-ДБ да го врати. Првиот мандат за формирање влада беше неуспешен, а го доби ГЕРБ.

„Ако ја составите таа апсурдна коалиција на обвинети само за да им угодите на вашите началници, бидете сигурни дека уште следниот ден ќе ги повикаме сите наши гласачи, но и вашите непријателски настроени гласачи, да дојдат тука, и, ако треба – и во него, бидејќи секое лицемерие и секое предавство има свои граници. Вие ги преминавте границите“, рече Михаилова.

Контра-реплика дојде од Јавор Божанков од ПП-ДБ, кој рече дека бугарскиот национален интерес во овој момент е да има влада, а туѓиот интерес е да ја нема.

На тоа уследи одговор што испрати еден куп сомнителни и нелогични тврдења за случувањата во неколку години. Говореше пратеник од пратеничката група на „бугарскиот Копејкин“, којшто оспори многу официјални тврдења на пронационалистичката и проруска ориентација.

„Настаните од последните денови се дел од подготвен план и кога „В’зраждане“ зборуваат за надворешно вмешување, ги знаеме кои се. Тие зборуваа за вакцините, дојдоа вакцинирани, Костадинови Цончо зборуваа за меки раце, двајцата најмногу не сомничат во тој однос – за еврото – а сега и за национални предавници. По логиката што досега ја видов, токму тие се националните предавници“, рече Божанков.

Потоа групата на „В’зрждане“ (Преродба) отиде на говорницата за пресметка. По нив тргнаа и претставници на ПП-ДБ. Страстите се разгореа и почна размена на обвиненија и туркање.

Манол Пејков беше расечен на образот, а пратеник на „Преродба“ заврши со скршени очила.

Тој потоа објасни пред новинарите дека Божанков излегол на говорницата за да каже нешто за врската „В’зраждане – Русија“.

„Да нема влада – тоа е директен интерес на Русија“, рече Пејков.

Според него, партијата на Костадин Костадинов го нарушува редот во собраниската сала секоја секунда. Потоа се извини што ги симна очилата.

Претседателот на парламентот потоа објави пауза, но и потоа не престанаа обвинувањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...