Таг: тепачка

таг: тепачка

Охриѓанец со нож расчистувал сметки во кафуле

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот И.Р. од Охрид, поради сомнеж дека сторил обид за тешка телесна повреда. На 23 ноември, пријавениот, со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и на левата надколеница, му нанел телесни повреди на Б.Р., исто така од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот, во угостителскиот објект „Ноа“. Пријавениот И.Р....

Во тепачка, во училишен двор во Тетово, ученик повреден со нож

Денеска, околу 16 часот, со остар предмет е повреден ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според МВР, во дворот на гимназијата, дошла група и почнала расправија со дел од учениците, по што почнала и тепачка помеѓу двете групи. Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница, од каде по барање на семејството, бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.  Момчето...

Нападнати ученици во „Михајло Пупин“ во Скопје

Вчера, околу 16 часот, двајца ученици, М.М. (17) и К.А. (16), во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, физички го нападнале соученикот Ф.А. (15). „По преземени мерки, случајот е расчистен, а на напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок по член 12 од ЗППЈРМ“, соопшти МВР.

Тетово: Едно лице повредено со нож

Едно лице е прободено со нож при тепачка што синоќа избила меѓу две групи на улицата ЈНА во Тетово, пред кафулето „Имиџ“, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години, кои биле нападнато од група од десеттина други лица. При нападот, тројца од пријавувачите добиле видливи повреди...

Се степале роднини на ученик и професор во Скопје

Попладнево, во средното училиште „8 Септември“ (ЕМУЦ), во Автокоманда, се степале професори и роднини на ученик. Во ова училиште има неколку паралелки од ДСУ „Владо Тасевски“ од албанска националност. Според непотврдени информации, ученик од четврта година излегол од час кој го имал со класниот раководител и на училишното обезбедување му кажал дека бил удрен од професорот. За кратко време во училиштето пристигнале...

Тепачка помеѓу ученици во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје

Во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје синоќа околу 18 часот  се степале неколку ученици. Полицијата интервенирала, по што нарушувањето е расчистено, а по целосно документирање на случајот, на четири лица ќе им бидат издадени платни налози за сторен прекршок.

Деветмина приведени за тепачката во автобусот на ЈСП

Полицијата привела девет лица, кои се осомничени дека учествувале во тепачката што вчера попладне се случила во автобус на ЈСП со број 64. Во информацијата за настанот, од билтенот на МВР, е наведено дека инцидентот се случил околу 14.20 часот, на автобуска постојка на булеварот Партизански одреди, каде што во автобусот кој сообраќал на релација Транзитен центар - село Никиштани...

Тројца повредени во тепачка во градски автобус

Три момчиња, од кои двајца малолетници, вчера попладне биле повредени во тепачка со друга група, што се случила во автобус со број 64, објавува интернет-порталот „МКД.мк“. Според изјавите на очевидци, што ги пренесува порталот, инцидентот го предизвикала десетчлена група, која почнала да ги провоцира и навредува трите момчиња, а потоа се нафрлила на нив со клоци и со тупаници. Во тепачката...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...