Таг: тепачка
таг: тепачка
Еден загинат и двајца повредени во тепачка на мигранти во близина на Идомени
Еден мигрант загина, а двајца се повредени во крвава физичка пресметка што се случила во два часот по полноќ во близина на граничната зона Идомени. Како што пренесува грчката новинска агенција, жртвата и повредените се мигранти од Пакистан, кои, наводно, биле нападнати од група мигранти од Авганистан.
Според информациите од грчката полиција, инцидентот се случил на бензинска пумпа во близина на...
Притворени тројцата Срби што учествуваа во тепачката во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.У. од Краљево, Србија, поради основан сомнеж дека извршил убиство.
Во пријавата, поради постоење основани сомневања дека му помогнале, опфатени се и М.П. (26) и Ѓ.П. (25), исто така од српскиот град Краљево. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Според досегашната истрага, на 1 јануари годинава, околу 2 часот, во...
Откриен идентитетот на момчето што почина во Охрид
Полицијата го соопшти идентитетот на починатото лице пронајдено во центарот на Охрид. Станува збоор за Димитар М. (27) од Охрид, кој им подлегнал на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред кафе-барот „Табана“ бил физички нападнат од еден државјанин на Република Србија.
На нападот му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи, во кои, од една страна бил...
Малолетник прободен со нож во тепачка во центарот на Гостивар
Шестнаесетгодишно момче од гостиварското село Добридол било тешко повредено со нож, во тепачка меѓу две групи што се случила синоќа на улица во центарот на Гостивар, соопшти полицијата.
Малолетникот околу 19.25 часот бил донесен во Медицинскиот центар во Гостивар со убодна рана во стомакот, а поради сериозноста на повредата е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според полициските информации, тепачката се...
Тепачка на бегалци во Атина, повредени повеќе од 100 лица
Во прифатен центар на стадионот „Палео Фалиро“ кај Атина, настанала тепачка меѓу бегалците, поради што полицијата привела повеќе од 100 лица, пренесуваат медиумите.
Судирот се случил откако една група Мароканци ги уценувала другите бегалци, нудејќи им заштита за пари. Исто така им се заканувале дека ако ја одбијат заштитата, ќе се соочат со физичка казна.
Бидејќи најголем дел од бегалците ја...
Тепачка во украинскиот парламент
Во украинскиот парламент изби тепачка откако еден од пратениците од владејачката коалиција стана и од говорницата го отстрани премиерот Арсениј Јацењук.
Јацењук бил на говорницата кога му пришол Олег Барна и му предал букет рози, а веднаш потоа го подигнал и го однел од подиумот.
Членовите на партијата на Јацењук, Народен фронт, го турнале и го удриле Барна по што реагирале и...
Гватемала: Шест загинати во тепачка во затвор
Шест лица загинаа, а неколку се ранети во тепачка во затворот во Гватемала, јавуваат властите.
Заменик-министерот за внатрешни работи, Елмер Соса, рече дека полицијата и војската интервенирала по инцидентот и ги осигурала другите затвореници.
Портпаролот на затворскиот систем, Руди Ескивел, рече дека е потврдена смртта на шест затвореници.
Според него, предвидено е во затворот да издржуваат казна 600 лица, а во моментот...
Жители на Патишка Река се тепале за огревни дрва, еден пукал со пушка во воздух
Синоќа, околу 23.30 часот, во атарот на скопското село Патишка Река, настанала расправија, а потоа и тепачка меѓу две групи селани поради огревни дрва.
Според полициските информации, еден од учесниците во тепачката пукал со ловечка пушка во воздух, а со кундакот удрил в лице еден од соселаните.
По интервенцијата, полицијата ги привела учесниците во тепачката, меѓу кои и З.М. (58), осомничен...
Тепачка за паркинг-место пред „Мавровка“
На булеварот Филип Втори Македонски, вчера, во 15 часот, пред влезот на подземната паркинг-гаража во Трговскиот центар „Мавровка“, Е.Р. (27) од село Студеничани, го паркирал возилото марка „голф“ на тротоарот, по што настанала тепачка со С.Ш.(36) од Скопје, вработен во фирмата „Франк“, која стопанисува со подземната гаража.
Во тепачката дошло до кршење на задното ветробранско стакло на автомобилот. Потоа Е.Р. со шипка го удрил С.Ш....
Тепачка на средношколци на автобуската пред Народна банка
Вчера, околу 20 часот, во Скопје, на булевар Кузман Јосифовски Питу, на автобуска постојка пред Народна банка, М.М. со група од околу 15 средношколци, физички ги нападнале И.Ј. (2000) и З.Е. (1999), удирајќи ги по телото, а потоа се качиле во приватен автобус број 55.
Автобусот е запрен на последна станица на автобуската линија со број 45, по што лицата се приведени...
Се степале ученици во гимназијата во Гостивар
Вчера, околу 18.30 часот, во Гостивар, на улицата Живко Брајковски, пред градската гимназија, поголема група ученици физички нападнале 16-годишен ученик од училиштето и Љ.С. (22), кој бил заедно со него.
Двајцата нападнати добиле телесни повреди, по што им е укажана лекарска помош во болницата во Гостивар, од каде биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Тепачка во охридскиот клуб „Кадмо“
Во полициската станица во Охрид, Ј.Ф. (1990) пријавила дека во 2 часот по полноќ во „Кадмо“, на истоимената плажа, додека била во објектот со К.Р. и со Д.Ј. од Охрид и со Т.Н од селото Љубаништа, Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле две непознати лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“, го фатиле за кошула и...
Нападнат полицаец во обид да спречи тепачка
Полициски службеник ноќеска бил нападнат додека со свој колега се обидувал да спречи тепачка меѓу две групи во Штип, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил околу 1.30 часот на улицата Кирил и Методиј, каде двајцата полицајци забележале како поголема група сака физички да се пресмета. Во обид да ја спречат тепачката, едниот од полицајците бил физички нападнат од М.Д. (56), неговиот син...
Сириец повреден во тепачка на железничката станица во Гевгелија
Триесет и осумгодишен мигрант од Сирија бил повреден во тепачка меѓу две групи илегални мигранти што синоќа околу 23.30 часот се случила на железничката станица во Гевгелија, информираат од полицијата.
Во тепачката мигрантите употребиле разни предмети.
По инцидентот сирискиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, каде лекарите констатирале повреда на грбот од остар предмет.
Од полицијата велат дека преземаат мерки...
Петмина тетовци осомничени за насилство, двајца од нив завршиле во болница
Тетовската полиција поднела пријава против пет лица, од кои четворица се товарат за насилство и едно за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Според полицијата, кон крајот на мај годинава, при меѓусебна тепачка, петтосомничениот со нож им нанал убодни рани на двајца од другите пријавени, кои поради сериозноста на повредите биле примени во Клиничката болница во Тетово, каде...
Унгарската полиција со солзавец спречи тепачка на имигранти
За да прекине тепачка во камп за имигранти, унгарската полиција употребила солзавец. Настанот се случил во предградието на Дебрецин, на истокот на земјата.
Нередите во кампот избиле на верска основа, кога еден од имигрантите го одзел Куранот од друг имигрант, во кој, според очевидци, имало скриено 200 евра, го фрлил на земја и почнал да го гази. Еден полицаец е...
Мигранти се тепале со ножеви и со мачети
Полициски екипи вчера, при патрола, кај местото Железен мост забележале поголема група мигранти, од кои педесетина се тепале, користејќи ножеви и мачети, инфромираат од МВР.
По интервенцијата на полицајците, дел од магрантите побегнале кон граничната линија со Грција, а при претресот на теренот, бил пронајден еден мигрант, од Сирија, со убодна рана од остар предмет на телото.
Сириецот веднаш бил пренесен...
Жител на Крушопек ранет со нож во тепачка во Скопје
Вчеравечер, околу во 18.40 часот, во Центарот за известување и командување Скопје (ЦИК) од итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Лондонска, пред трговскиот центар „Олимпико“, имало лице кое лежело на земја со убодна рана, информираат од полицијата.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за К.А. (37) од скопското село Крушопек, кој бил прободен со нож во...
Крвава тепачка пред угостителски објект во Тетово
Вчеравечер, околу 19 часот, пред угостителскиот објект „Биби“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка, по која двајца од четворицата учесници со исеченици и со убодни рани од нож биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, соопшти полицијата.
Како што информираат оттаму, тепачката, на која ѝ предходела вербална расправија, почнала кога Н.М., кој бил во локалот заедно со...
Тепачка на изборите во Турција – 15 повредени
Петнаесет лица денеска се повредени во тепачка која изби меѓу активисти на две различни партии пред избирачко место во турската провинција Шанљурфа.
Како што јавуваат локалните медиуми, расправијата почнала на избирачкото место, а потоа продолжила надвор од објектот, каде ескалирала во физичка пресметка.
Полицијата соопшти дека при тепачката биле користени палки, камења и ножеви, а некои од активистите имале и пиштоли. Повредените...