fbpx

Крвава тепачка пред угостителски објект во Тетово

-

Вчеравечер, околу 19 часот, пред угостителскиот објект „Биби“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка, по која двајца од четворицата учесници со исеченици и со убодни рани од нож биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, тепачката, на која ѝ предходела вербална расправија, почнала кога Н.М., кој бил во локалот заедно со неговиот брат Е.М. и со уште едно лице, во еден момент станал од масата и го удрил со тупаница М.Д. (31), нивен познаник. Тој набргу излегол од локалот, но по извесно време се вратил и ги повикал тројцата да излезат пред угостителскиот објект за да се пресметаат. Во тепачката, која продолжила надвор, М.Д. ги нападнал двајцата браќа со кујнски нож, нанесувајќи им исеченици и убодни рани по телото.

По инцидентот, двајцата браќа биле пренесени во тетовската клиничка болница, од каде итно биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје, додека на М.Д. лекарска помош му била укажана во тетовската болница.

Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово извршиле увид на местото, на кое бил пронајден и ножот, кој е даден за понатамошно вештачење.

Од полицијата информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...