fbpx

Тепачка на изборите во Турција – 15 повредени

-

Петнаесет лица денеска се повредени во тепачка која изби меѓу активисти на две различни партии пред избирачко место во турската провинција Шанљурфа.

Како што јавуваат локалните медиуми, расправијата почнала на избирачкото место, а потоа продолжила надвор од објектот, каде ескалирала во физичка пресметка.

Полицијата соопшти дека при тепачката биле користени палки, камења и ножеви, а некои од активистите имале и пиштоли. Повредените се хоспитализирани, но не се во животна опасност.

Граѓаните на Турција денеска го избираат новиот состав на парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...