fbpx

Обама: САД и Германија го имаат најсилниот сојуз

-

Партнерството на САД и на Германија е еден од најсилните сојузи што светот досега ги видел, изјави денеска претседателот на САД, Барак Обама, во германскиот град Крин, каде пристигна на Самитот на лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји, Г7.

Обама во Крин се појави со германската канцеларка Ангела Меркел, со која е поблизок отколку со повеќето шефови на државите, иако односите меѓу двете земји се затегнати во последните две години, откако беше откриено дека американската Националната агенција за разузнавање (НСА) го прислушувала и нејзиниот телефон.

Шефовите на држави и на влади на Г7 за време на дводневниот самит ќе разговараат за економијата, Европската унија, трговските договори, руско-украинските односи, екстремизмот и за климатските промени, рече американскиот претседател.

Крин е на неколку километри од замокот Елмау, во јужниот дел на Германија, каде ќе се одржува самитот.

Неколку стотици демонстранти ги блокираа патиштата што водат до замокот во Баварските Алпи. Околу 22.000 полицајци го обезбедуваат замокот и имотот и ја формираа „забранетата зона“, која се протега неколку километри.

Гостите и новинарите до замокот се транспортирани со хеликоптери. Околу 200 демонстранти пристигнаа до оградата која полицијата ја постави за да ги спречи учесниците на протестите да стигнат до замокот. Демонстрантите извикуваа „Слобода и мир, а не повеќе Г7“ и носеа транспаренти со слогани како што се „Политика за народот, а не за пазарот“.

Г7 се состои од Велика Британија, Франција, Канада, Германија, Италија, Јапонија и од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...