четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Г7 | 25 резултати

Северна Македонија се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина

16 август 2023

Северна Македонија стана петнаесеттата земја која официјално се приклучи на декларацијата за безбедносни гаранции за Украина на Г7, објави вчера на Телеграм и Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски изрази благодарност до македонскиот премиер Димитар Ковачевски „за неговите лични напори за унапредување на партнерството меѓу двете земји“. Со декларацијата од 12 јули, земјите потписнички се […]

Нови воздушни напади врз Украина, Зеленски тврди дека Бахмут не е окупиран од Русија

22 мај 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничката група Вагнер поддржана од Москва рече дека ја презела контролата врз овој украински град. Зеленски ова го кажа за време на посетата на Хирошима, Јапонија, каде се одржа Самитот на најразвиените земји Г7, пренесува Би-би-си. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно […]

„Денеска градот остана само во нашите срца“ – Зеленски признал дека Бахмут е изгубен?

21 мај 2023

Ројтерс објави дека се чини оти Володимир Зеленски денеска потврдил дека Русите го зазеле украинскиот град Бахмут, пишува Гардијан. На прашањето дали Кијив го контролира градот, Зеленски одговорил: „мислам дека не“. „Денеска градот остана само во нашите срца“, додал украинскиот претседател. Но, во меѓувреме, од американскиот Институт за проучување на војната велат дека не можат […]

Самит на Г7: Се засилуваат санкциите против Русија и се очекува присуството на Зеленски

19 мај 2023

Лидерите на членките на Групата седум (Г7) – САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада се согласиле да ги заострат санкциите против Русија, додека нацрт-комуникето што ќе биде објавено по нивните разговори во јапонскиот град Хирошима ја истакнува потребата да се намали зависноста од трговијата со Кина, пренесува Ројтерс. Лидерите на Групата седум […]

Руски борбен авион по грешка фрли бомба во сопствен град

21 април 2023

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбен авион случајно го бомбардирал градот Белгород во близина на границата со Украина. Според официјални лица, експлозијата оставила голем кратер широк околу 20 метри во центарот на градот. Би-би-си јавува дека три лица се повредени, а оштетени се повеќе згради. Еден станбен блок бил евакуиран. Руското министерство […]

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

11 октомври 2022

Лидерите на групата Г7 денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина. Како што пренесе Ројтерс се очекува претседателот Володимир Зеленски да побара од лидерите на групата на седумте индустриски најразвиени земји во светот итно да и достават оружје на Украина за да се одбрани од […]

Украинското МНР ги повика ЕУ, НАТО и Г7 да го зголемат притисокот врз Русија

28 септември 2022

Ден по завршувањето на „референдумите“ во Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област на Украина кои меѓународната заедница масовно ги осуди, украинското Министерство за надворешни работи повика на значително зголемување на западната воена помош за земјата. „Украина ги повикува ЕУ, НАТО и Г7 веднаш и значително да го зголемат притисокот врз Русија, конкретно со воведување нови […]

Украинската делегација пристигна на разговори со Русија, ЕУ и Г7 ќе ги блокираат трансакциите на руската Централна банка

28 февруари 2022

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа за евентуален прекин на огнот. Според руската државна агенција РИА Новости, преговорите меѓу Русија и Украина за границата почнале во 10 часот по средноевропско време, а членовите на украинската делегација пристигнале со хеликоптер. Руските сили ноќеска […]

Лидерите на Г7 ветија 1 милијарда дози на ковид вакцини за посиромашните земји

14 јуни 2021

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот ветија дека ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19 на посиромашните земји. Британскиот премиер Борис Џонсон на крајот на Самитот на лидерите на Г7 во англискиот град Корнвел рече дека ова е голем чекор кон вакцинирањето на целиот свет, пренесува Би-би-си. Премиерот Џонсон рече дека светот […]

Кина незадоволна што ја спомнале на самитот на Г7

28 мај 2017

Кина е незадоволна што се спомнал проблемот во Источното и Јужното кинеско море во соопштението на групата Г7 и вели дека таа група би требала да престане со неодговорните забелешки. – Кина е посветена на решавање на проблемите со сите нации низ преговори и со задржување на мирот во Источното и Јужното кинеско море – […]

Непроширувањето на санкциите кон Русија е пораз за Лондон, смета Пушков

12 април 2017

Одлуката на Г7 да не се прошират санкциите кон Русија е пораз за британската дипломатија, оцени рускиот сенатор Алексеј Пушков. „Неуспехот на британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, да наметне нови санкции за Русија е пораз на дипломатијата на Лондон. Едноставно, многу примитивно е да се биде против Русија“, напиша Пушков на својот профил на […]

Нема консензус за воведување санкции за Русија поради Сирија

11 април 2017

Министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, изјави дека нема консензус меѓу земјите членки на Г7 за воведување нови санкции кон Русија. Тој истакна дека тоа нема да се случи иако постоеле намери за воведување санкции поради руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Идејата за воведување санкции кон Русија ја изнесе шефот на […]

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би било закана по глобалниот економски раст

27 мај 2016

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија би претставувало ризик по глобалниот економски раст, се наведува во декларацијата усвоена на Самитот на лидерите на земјите од Групата 7 (Г7) во Токиот, иако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не се дискутирало на оваа тема. -Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би направило пресвртница во трендовите […]

Г7: Потребни се дополнителни напори за нуклеарното разоружување

11 април 2016

Шефовите на дипломатии на земјите од Групата 7 (Г7) денеска упатија апел од самитот во Хирошима дека е потребно да се вложат дополнителни напори за нуклеарното разоружување. Во заедничкото соопштение од самитот на Г7, САД, Јапонија, Канада, Франција, Велика Британија, Италија и Германија ги осудуваат екстремистичките напади во светот, во Турција и во Белгија, во Нигерија, Брегот на Слоновата […]

Лидерите од Г7 се спремни за нови санкции кон Русија

9 јуни 2015

Борбата против тероризмот и глобалното затоплување, подобрувањето на правата на жените, продолжување на притисокот врз Русија додека Москва не почне да го почитува суверенитетот на Украина, ова се приоритетите на Групата седум индустриски најразвиени земји, наведени во завршниот документ од самитот Г7, кој се одржа во Германија. „Поради загриженоста по обновените судири на истокот на […]

Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

8 јуни 2015

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее ако не се почитуваат основните правa. Ки-мун на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во борбата против насилните екстремисти. Меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации […]

Самитот Г7 за тероризмот и за климатските промени

8 јуни 2015

Тероризмот и климатските промени се главна тема на вториот ден од самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји, што се одржува под Баварските Алпи. Во Германија се собраа лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, САД и домаќините. Денеска ќе им се придружат и ирачкиот премиер Хајдар ал Абади и нигерискиот претседател Мумамаду Бухари за да […]

Обама: САД и Германија го имаат најсилниот сојуз

7 јуни 2015

Партнерството на САД и на Германија е еден од најсилните сојузи што светот досега ги видел, изјави денеска претседателот на САД, Барак Обама, во германскиот град Крин, каде пристигна на Самитот на лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји, Г7. Обама во Крин се појави со германската канцеларка Ангела Меркел, со која е поблизок отколку […]

Меркел постави амбициозна агенда на Самитот Г7

7 јуни 2015

Во замокот Елмау, на околу 100 километри од Минхен, денеска почна дводневниот самит на шефовите на држави и на влади на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7, под мотото „Да се размислува долгорочно, да дејствуваме заедно“. Домаќинот на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел, предвидела амбициозна агенда за самитот, на кој ќе се разговара за […]

Протести во Минхен против Самитот Г7

4 јуни 2015

Околу 23.000 лица денеска со собраа во Минхен на протест против одржувањето на самитот на шефови на држави и на влади на Групата седум најразвиени земји (Г7), закажан за 7 и за 8 јуни на југот на Германија, соопшти германската полиција. Организаторите на собирот се симпатизери на германската партија на Зелените, а демонстрантите носеле голем […]

Страна 1 од 2