fbpx

Пукотници со пиштол и повредени млади лица во кафе-бар во Охрид

-

Неколку лица се повредени во пукотници во Охрид, ноќеска по полноќ. Во немилиот настан учествувала група од пет до шест млади лица од Охрид, кои се приведени многу бргу по пукањето, дознава „Мета“ од извори на истрагата.

Во пукањето имало повредени, кои се згрижени на лекување во Општатата болница во Охрид. Нема информации за тешки повреди, ниту за починати.

На пукањето му претходела жестока тепачка во еден кафе-бар во Охрид помеѓу млади лица, кои најверојатно биле во алкохолизирана состојба, по што судирот завршил со истрели од огнено оружје. Пукало само едно лице, од пиштол што го поседувало нелегално. Во групата има лица веќе познати на полицијата со нивното насилно однесување и предизвикување инциденти.

Ова не е првпат во Охрид да се случуваат вакви инциденти, потешки нарушувања на јавниот ред и мир. Пред пет години, во сличен инцидент, во тепачка, исто така, по врбална расправија во кафе-бар, смртно настрада младо момче, турист од Република Србија.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...