fbpx

ФК „Брегалница“ казнета за расистички извикувања

-

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го казни фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип со парична казна од 2.500 евра.

Во одлуката стои дека е прекршен Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради расистичко однесување кон фудбалерот на ФК „Шкендија“ од Тетово, Идрису Мохамеду. Според комисијата, „од страна на навивачката група „Фаланга“, фудбалерот Мохамедy е исвиркуван со расистички извици, што е констатирано од страна на заменикот комесар за безбедност на ФФМ, Неритан и членот на комисијата за безбедност, Игор Бобевски“.

Двајцата, како службени лица на ФФМ, го следеле натпреварот Брегалница  –Шкендија, одигран на 15 март во Штип, во рамките на 20. коло од Првата фудбалска лига.

Потпретседателот на ФК „Брегалница“, Илија Колев, вели дека е очигледно оти одлуката е тенденциозна.
– Никој од четириилјадната публика не виде инцидент, само тие двајцата од Дисциплинската комисија виделе и врз основа на тоа сме казнети – изјави Колев.

Тренерот Влатко Костов упати јавна благодарница до одговорните лица, коишто го следеа натпреварот, а во записникот немале никаква забелешка за текот на напреварот, ниту, пак, како што рече Костов, виделе фрлена кора од банана.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...