Стефковски не шетал со вистински пиштол, туку означил старт на трка со сигнален пиштол

Објава неточно тврди дека градоначалникот Стефковски шетал со вистински пиштол и глумел шериф

-

Објавата неточно тврди дека градоначалникот Стефковски шетал со вистински пиштол и глумел шериф. Станува збор за отворање на спортска манифестација и спортски игралишта во Гази Баба, а градоначалникот Стефковски означил старт на атлетска трка со сигнален пиштол, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, шетал со пиштол и глумел шериф:

Кога ќе избереш осуден дилер за дрога за Градоначалник, па ќе глуми шериф.

Објавата споделува и фотографија на која се гледа Стефковски како држи пиштол во раката, но изоставен е контекстот, односно не се открива кога и како е направена фотографијата.

Во коментарите под објавата има бројни реакции во кои граѓани коментираат дека сме станале како Тексас, други прашуваат кој му дал пиштол, а има и повици да се пази за кого се гласа.

Нашата проверка покажа дека Стефковски навистина се сликал со пиштол во раката, но во објавата што ја анализираме фотографијата е исечена, за да не се види во кој контекст е направена и е искористена за да се манипулира јавноста со тоа што не се кажува дека станува збор за сигнален пиштол со кој се означува трка.

Имено, доколку се провери официјалниот Фејсбук профил на градоначалникот на Гази Баба, ќе се најде оригиналната фотографија која во објавата е искористена за манипулација.

Според објавата на Фејсбук профилот на Стефковски, фотографијата е објавена на 17.04.2024 година и е направена за време на отворањето на атлетските борилишта во ООУ „Наум Наумовски Борче“.

Отворени атлетски борилишта во ООУ Наум Наумовски Борче!
✅Општинското основно училиште Наум Наумовски Борче е првото училиште во Република Македонија кое од денес има атлетски борилишта.
👇Со реализацијата на овој проект изградивме атлетска патека со тартан подлога за трчање на 100 метри со четири стази, сегмент за скок во далечина и сегмент за фрлање ѓуле.
👉Вкупната инвестиција изнесува 6.400.000 денари.
‼️Реализацијата на овој проект претставува можност за развивање на атлетските спортови на учениците од ова, но и другите основни училишта во општина Гази Баба.
✌️Посакувам на овие спортски терени да се организираат и реализираат многу спортски настани на кои учениците ќе имаат можност да спортуваат, рекреираат и другаруваат.
🤝Изразувам благодарност до Атлетската федерација на Македонија за успешната соработка во реализацијата на овој проект, стои во објавата на Стефковски.

Според тоа, не може да се каже дека Стефковски шетал со вистински пиштол и глумел шериф, како што тоа го тврди објавата. Станува збор за отворање на спортска манифестација и спортски игралишта во Гази Баба каде градоначалникот Стефковски означил старт на трка со сигнален пиштол. Очигледно е дека објавата намерно пропуштила тоа да го каже за да ја манипулира јавноста и политички да поентира. Затоа, објавата ја оценуваме како невистинита.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...