fbpx

Тепачка на средношколци на автобуската пред Народна банка

-

Вчера, околу 20 часот, во Скопје, на булевар Кузман Јосифовски Питу, на автобуска постојка пред Народна банка, М.М. со група од околу 15 средношколци, физички ги нападнале И.Ј. (2000) и З.Е. (1999), удирајќи ги по телото, а потоа се качиле во приватен автобус број 55.

Автобусот е запрен на последна станица на автобуската линија со број 45, по што лицата се приведени во Полициската станица во Гази Баба, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им се констатирани повреди во пределот на главата и по телото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...