Петкатниот автобус не е руски, фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Покрај петкатниот автобус, креаторот на оваа фотографија има објавено и други модели на слични автобуси креирани со помош на вештачка интелигенцијa

-

Петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно креиран е со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија, при што се тврди дека на неа е прикажан петспратен автобус во Русија.

Руски петтоспратен автобус 👌, стои во објавата.

Вистиномер пребара на Гугл како изгледаат автобусите за јавен транспорт во Русија, но не успеавме никаде да најдеме фотографија од петкатни автобуси кои се движат по руските улици.

Според она што е достапно на Гугл, автобусите за јавен транспорт во Русија се претежно во сина или зелено бела боја.

Црвен автобус, но на два ката има на пример во Москва и тој се користи за туристички тури. Истиот според дизајнот, воопшто не личи на оној прикажан во објавата која ја анализираме.

Москва, Русија – 18 февруари 2016 година. двокатен туристички автобус Градски знаменитости на улица Варварка/Фото:Everypixel.com

Петспратен автобус прикажан како на фотографијата во објавата, најдовме на Редит. Фотографијата е креирана со алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено. Bing Image Creator е алатка за создавање фотографии од зборови со помош на вештачка интелигенција.

Покрај петкатниот автобус, креаторот на оваа фотографија има објавено и други модели на слични автобуси креирани со помош на вештачка интелигенција.

Од сето ова можеме да заклучиме дека петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно е креиран со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

hubmk

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...