fbpx

Кривична пријава за жителот на Карбинци што мачеше волк

-

СВР Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против З.В. (37) од село Карбинци поради постоење основи за сомневање дека сторил кривично дело мачење животни.

Пред околу три месеци, пријавениот, пред продавница во село Карбинци, на повреден волк, кој не бил способен да се движи, со грубо постапување и со изложување на непотребни маки, му нанел непотребни болки заради изживување и изложување на страдање.

За овој случај реагираа и невладините организации за заштита на животните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...